Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за недела (04.03.2018)

Овен
Очекувајте позитивни одговори и решавање на некои спорни ситуации. Сепак постојат непланирани компликации, затоа прифатете нечиј совет или здружување со една постара личност. Бидете реални во своите процени. Во емотивна смисла нема потреба да изговарате тешки зборови или нови обвинувања пред саканата личност. Ќе ви годи некоја неформална забава во блиско друштво, како рецепт за добро расположение.

Бик
Вашите идеи минуваат забележано во друштво на соработниците. Се наоѓате во позитивен тренд и пред важни деловни решенија. Новиот успех може да го унапреди вашиот деловен, општествен или приватен статус. Потрудете се вашиот личен успех, или емотивна среќа да потраат подолго. Своето внимание и емоции посветете и’ ги на личност со која ве врзуваат слични афинитети. Се наоѓате во одлична психо-физичка форма.

Близнаци
Многу ви е важно да се изборите за подобар пласман или за подобро место во кругот на влијателни деловни соработници. Поради големите амбиции, или афинитети кон материјалното царство, имате запоставено некои свои редовни обврски. Размислете дали ви е неопходно се’ што посакувате во љубовниот однос, зашто работите не се баш розови. Воспоставете подобра рамнотежа меѓу своите желби и можности.

Рак
Го свртевте вниманието врз себе, но на погрешен начин. Сепак, не дозволувајте да ве фати паника. Важно е да ја сочувате присебноста и да го коригирате својот пропуст. Размислете кому треба да се обратите за деловно- финансиска поддршка. Светот околу вас изгледа многу поубаво кога се наоѓате во позитивно опкружување и покрај блиска личност. Нема потреба да се оптоварувате со тешки мисли.

Лав
Приспособувањето или соработката ветуваат нов деловен успех. Затоа, покажете дека имате доволно интересирање за различни деловни идеи. Креативноста што ја изразуваат вашите соработници треба да ја употребите на практичен начин. Во емотивна смисла, умеете да заблескате во полн сјај и да оставите впечаток на личноста што ви се допаѓа. Поттикнете ја во себе романтичноста и благородноста, како рецепт за добро расположение.

Девица
Се обидувате да се заштитите од разни влијанија што носат засилена психолошка тензија. Потребна ви е трезвеност и добра концентрација да завршите низа работни обврски. Губите скапоцено време во намерата да смените нечие мислење. Доколку чувствувате емотивна резигнација, размислете во што сте згрешиле. Никој не е безгрешен и совршен. Ќе ви годат повеќе часови здрав сон.

Терезија
Нема потреба премногу да се врзувате за нечие мислење или улога во деловната соработка. Повеќето обврски можете да ги завршите самостојно и без влијание од страна. Се’ е работа на добра организација и добра волја. Во приватниот живот, не дозволувајте партнерот премногу да се оддалечува од заедничките теми. Инсистирајте на своите емотивни потреби. Уживајте во убави работи, опуштете се.

Скорпија
Тактиката што ја спроведувате носи позитивни резултати, но не и нечија наклонетост. Размислете до која граница можете да се спротивставите на нечие внимание или волја. Без оглед на моменталниот успех, работите набљудувајте ги во подолга перспектива. Во љубовниот живот обично ве привлекува она што изгледа комплицирано или предизвикувачки. Запрете на време. Важно е да остварите психолошка рамнотежа и да ги усогласите различните обврски.

Стрелец
Некој се обидува да ве потикне на поинаков начин на размислување или да ги прошири вашите општи видици. Искуството што го стекнувате во деловно- финансиската соработка, ќе се покаже од голема корист на различни начини. Во емотивна смисла, партнерот точно ги препознава вашите намери, без оглед на позата или играта што ја играте. Не можете да ја скриете вистината. Обрнете внимание на здравиот начин на исхрана.

Јарец
Соработката и договорот ве обврзуват на строго поставување на заедничките правила, како и на почитување на различните афинитети. Важно ви е правилно да постапувате кон личноста што има позитивна улога во вашиот деловен или приватен живот. Во емотивна смисла, покажете и’ на саканата личност дека го цените вниманието што го добивате. Дозволете си себеси некои убави ситници, како рецепт за добро расположение.

Водолија
Постојат различни компликации што ве кочат. Во деловното ривалство со една личност не минувате баш онака како што посакувате. Вистински момент е да ја коригирате својата тактика и да побарате нечиј совет. Во емотивна смисла, ќе почувствувате големо олеснување по искрениот разговор. Потребно ви е нечие присуство и емотивна порака. Избегнувајте ситуации што премногу ве исцрпуваат.

Риби
Премногу субјективно толкувате некои деловни случувања и склони сте кон чести промени на мислењето. Не можете другите да ги обвинувате за својот неуспех или пропуштена прилика. Работите повеќе ги гледате во духот на оптимистичките прогнози. Саканата личност од вас очекува буквално да го почитувате заедничкиот договор и се’ што сте ветиле. Обрнете внимание на своите соништа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *