Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (10.09.2021)

Овен
Вложувате многу напори за да ги исполните обврските, или барем така изгледа. Се се одвива во знак на макотрпна работа, тешко и бавно. Бидејќи постои опасност од насилство отстрана или над самите себе, т.е од автодеструкција, пожелно е да се коригирате во тој смер.

Бик
Поради нешто сте разочарани. Морате да го пресиспитате сопственото однесување и да ја увидите својата одговорност за да ја сведете својата одговорност на минимум. Денот е поволен за патувања и контакти со странство, а лош за практични работи.

Близнаци
Иако сте планирале да работите сериозни работи, нема да можете. Бидејќи сте повикани да присуствувате на забава или некој тоа ви го наметнува да го правите, се вртите кон поубавата страна на животот. Со партнерот постигнувате единство по многу прашања.

Рак
Не се чувствувате најдобро. Очигледно е дека еден од блиските пријатели ви го расипува расположението. Можеби баш тој е крив за лошите односи со околината и негативно влијае на однесувањето на вашиот партнер. Караниците околу пари пожелно е да се избегнуваат.

Лав
Бидејќи ова очигледно не е ваш ден, не преземајте ништо конкретно, туку настојувајте во одмор да ги поминете слободните моменти. Поголемиот дел на припадниците на овој знак е оптоварена со здравствени проблеми. Слабите точки на вашиот организам се кардиоваскуларниот и нервниот систем.

Девица
Одличен ден, покрај работата, да остварите и нешто што многу повеќе ви значи. Врската заплови во мирни води, а партнерот, Терезија или Стрелец, се обидува на различни начини да ве убеди во своите чувства. Немате причина да не му верувате. Опасноста може да се јави ако претерано трошите.

Терезија
Иако мислите дека добро ги проценувате луѓето, токму она што ви се случува зборува дека не сте во право. Заблудите се присутни на секое место, така да морате да им се спротивставите. Бидејќи се можни здравствени проблеми врзани за собирање на течности во организмот.

Скорпија
Иако сте злопамтило, обидете се таа слабост да ја преминете. Нема да биде лесно, но доколку се потрудите, ќе успеете. Можеби несвесно ги повредувате другите? Поседувате огромна количина на енергија, барем обидете се да ја искористите на најдобар можен начин.

Стрелец
Во вечна потрага за јавно признание, само докажувате колку ви е силна суетата. Држете до тоа што другите мислат за вашата работа, па денот го поминувате воспоставувајќи добри духовни и ментални контакти. Лавовите се обидуваат да ве победат, ама нема да успеат.

Јарец
Бидејќи имате проблеми во контактите, најдете некој да ве замени. Колку уште ќе ви биде потребен адвокат? Бидејќи сте срамежливи, полесно е да се фатите во костец со проблемот сами, отколку да барате помош отстрана. Со годините, Јарците стекнуваат сигурност, па да се надеваме дека ќе ја стекнете и вие.

Водолија
Водолиите се во свој елемент. Љубовта им причинува задоволство, но доколку никој не им се најде при рака, талентот може да го насочат кон уметнички случувања. Нека избегнуваат конфликти и нека се повлекуваат, кога и да им се даде можност за тоа.

Риби
Одите од крајност во крајност. Или сте недруштвени, или претерано друштвени. Како и да постапите, не е добро. Некој од поблиската околина се обидува да ве скара со партнерот, не наседнувајте на ситните провокации отстрана. Избегнувајте дружење со Овен, тие се пресилни и агресори за вас.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>