Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (16.08.2023)

Овен
Ќе прифатите некоја работа која ќе ви донесе добра заработка. Избегнувајте некои расправии и не трудете се постојано да бидете во центарот на вниманието. Ќе ви годи активен одмор и креативна изолација.

Бик
Се е добро се додека некој од вас не побара некоја услуга. Не сакате да ве третираат како подредена личност и да ви диктираат како да се однесувате. Избегнувајте некои лоши навики. Ќе ви годи прошетка во шума.

Близнаци
Некој е на ваша страна но тоа не е доволно за да остварите деловен успех. Една личност ќе се обиде да ве изиритира со своето лошо однесување, па затоа избегнувајте сомнителни друштва. Само работата може да ве стимулира.

Рак
Околината ви е наклонета. Ги прифаќа сите ваши ставови и идеи. Во средбата со саканото лице покажете доволно разбирање. Заслужува многу љубов, внимание и топлина, повеќе од она што во моментов го добива.

Лав
Ќе ви биде понудена добра прилика во која ќе можете да ги потврдите своите професионални способности. Внесувате премногу напор за да исполните нечии очекувања. Дали тоа е во ред?

Девица
Бидете разумни и не очекувајте дека ќе можете така лесно да ги промените работните планови. Непотребно се оптеретувате и со некои туѓи проблеми. Сочувајте ја присебноста и самоконтролата.

Терезија
Сите обврски ги сработувате по одреден шаблон. Некој од вашите соработници го критикува вашиот стил на изразување. Избегнувајте вербални расправии, но и прифатете некој корисен совет.

Скорпија
Ве очекува позитивен период доколку се обидете да го сочувате расположението и концетрацијата. Премногу сте суетни па тоа може да ви создаде дополнителни проблеми. Размислете зошто вашиот партнер делува ладно и не ги прифаќа вашите идеи.

Стрелец
Имате впечаток дека некој постојано се обидува да ги наметне своите тези. Само смирено обидете се да пронајдете некое компромисно решение. Опуштете се малку. Обидете се да поминувате повеќе време со семејството.

Јарец
Избегнувајте го натпреварувачкото темпо, бидејќи така нема да стигнете никаде. Разговор со една пријатна личност ќе ви евоцира некои стари спомени. Важно е да ги усогласите своите мисли и чувства.

Водолија
Поради различни идеи и интереси ве очекува кавга со некоја постара личност. Секој има право на свое мислење или избор на приоритетни цели. На вам ви е потребен добар потик и позитивен импулс.

Риби
За да го сочувате психолошкиот мир избегнувајте сомнителни личности. Не ризикувајте во било кој поглед. Најважно е да воспоставите контрола над своите емоции. Ви се советува вечерна прошетка.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>