Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (06.05.2022)

Овен
Благодарејќи на изразената ментална активност, влијаете на околината. Добивате заслужено признание, сходно на ситуацијата во која сте. Проблем на денот може да се јави доколку се конфронтирате со партнерот. Бидете толерантни.

Бик
Единствена преокупација ви е да бидете активни на повеќе полиња. Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се олабавите и да се одморите. Бидете трпеливи со секоја работа која го бара тоа од вас. Престанете да го изневерувате партнерот.

Близнаци
Благодарејќи на вашата енергија, ќе остварите исклучителни резултати. Бидете трпеливи и не нервирајте се, само така работите ќе си дојдат на свое место. Здравјето ви е одлично, единствено треба да внимавате на нозете.

Рак
На работното место ќе затечете позитивни промени или одлуки на претпоставените, во кои ќе видите можност за зацврстување на статусот и слободен простор за остварување на личните амбиции. Ќе ви се укаже нова можност за заработка. Искористете ја својата шанса.

Лав
Ви се случуваат убави работи, имате многу среќа. Малку припадници на знакот се жалат дека се оптоварени. Потрудете се да бидете и понатаму истрајни особено кога е партнерот во прашање. Деновиве ќе решите битни проблеми.

Девица
Здравствените проблеми се само последица од гладување или претерување. Емотивните заблуди се последица на погрешните постапки и неможноста да се приспособите на материјалната ситуација.

Терезија
Постојано се нервирате, а за тоа немате реални причини. И покрај тоа што некои работи не се одвиваат онака како што сте замислиле, бидете мирни и почекајте поволен период. Сe ќе биде в ред и без напор ќе го остварите она што сте го наумиле.

Скорпија
Премногу сте себични и тоа околината го забележува. Потрудете се да се промените, станувате неподносливи и тоа може да влијае на вашата работа. Партнерот ве поднесува, но нема уште долго.

Стрелец
Прекрасно се чувствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Се зависи од вашите афинитети. Некои од вас очекуваат работна експанзија, а некои се во нова интересна врска. Борете се за своите права.

Јарец
Позитивното влијание на ѕвездите ќе ви го олесни исполнувањето на љубовните и финансиските амбиции. Љубовниот партнер нема да ве испушта од прегратката. Осамените ќе зачекорат во нова љубовна врска. Можете да имате се’ што ќе посакате.

Водолија
Денот ќе ви мине во работно расположение. Со малку труд и потрошено време ќе остварите повеќе од што очекувате. Позитивни вести ве очекуваат дома. Ќе бидете расположени за купување предмети за домот.

Риби
Обидете се да го согледате проблемот од друг агол. Шефот е разочаран од вас и вашата неодговорност. Ве очекуваат голем број непредвидени околности. Подгответе се на изненадувања кои можат да ја подобрат емотивната состојба. Размислете пред да преземете акција.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>