Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (03.01.2019)

Овен
Денот го поминувате размислувајќи како да стекнете признание од околината. Ви недостасува самоконтрола затоа дистанцирајте се од сe. Посветете му внимание на партнерот тој сфаќа дека не му одговарате. Шармирајте го со некој подарок.

Бик
Во конфликтна ситуација сте, пред сe, со самите себеси. Свесни сте дека што и да направите ќе се каете, пред да донесете одлука добро размислете. Било какво решение е подобро од неизвесност. Исконтролирајте ги нервните напади.

Близнаци
Амбициозни сте, а сепак нереално ги проценувате сите ситуации и можности. Бидете внимателни, можете да бидете жртва на неуспех. Насочете се само на една работа и на неа концентрирајте се.

Рак
Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно.

Лав
Незадоволството во комуникацијата е последица на вашата наклонетост за докажување и критикување. Себични сте и тоа лошо влијае на вашите блиски. Морате да поведете повеќе сметка за здравјето особено внимавајте на енергијата.

Девица
Одлично функционирате во заедница. Бидете потолерантни кога е во прашање партнерот. Прифатете ја разликата со околината. Од вас се очекува да се ангажирате бидејќи на повидок е успех.

Терезија
Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Занимавајте се со уметност и одете во шопинг. Потребно ви е релаксирање.

Скорпија
Имате успех со игрите на среќа. Занимавајте се со спорт и релаксирајте се. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате и потребата за нежност е изразена.

Стрелец
Постојано реагирате со бурни реакции за кои немате оправдание. Вклучете ги разумот и комуникацијата во секојдневието. Доколку планирате конкретна акција бидете внимателни некој може непријатно да ве изненади.

Јарец
Неуморни сте. Се наоѓате во тешка ситуација бидејќи работите по шаблон. Не преоптоварувајте се премногу. Дружете се со оние од кои зрачи позитивна енергија. Смирете се и сфатете дека трудот се исплати.

Водолија
Во одлична фаза од животот сте. Свртете се кон креативна работа. Здравствената состојба бара од вас одмор и држете рамнотежа ако сакате да дојдете до душевен мир. Од филозофија не се живее.

Риби
Повредни сте од кога и да е. Сe што е добро има и лоша страна. Избегнувајте непромислени потези, можни се проблеми. Расправиите ви се на прво место. Со разумни потези ќе го постигнете она што сте го замислиле.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *