Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (02.10.2018)

Овен
Полни сте со работен елан, така што сите планирани работи ќе ги завршите брзо и успешно, а ќе има и пари. Бидејќи сте задоволни и со развојот на емотивната ситуација, размислувате за подарок со кој ќе ја израдувате саканата личност. Не дозволувајте да ве обземе овновската тврдоглавост и непромисленост, зашто последиците може да бидат фатални. Нема причини за песимизам.

Бик
Убав ден, нема што! Бидејќи пред вас е обемна работа за која однапред знаете дека нема да може лесно да се совлада, дополнително ќе бидете мотивирани за работа, но успехот нема да изостане. Не дозволувајте да ја изгубите самоконтролата, само затоа што другите ви упатуваат забелешки. Свретет се кон убавите работи- да речеме кон љубовта.

Близнаци
Под услов да се занимавате со професија што ви дава сигурност, може да бидете задоволни. Во спротивно ќе имате доволно време да се нервирате. Бидејќи ги знаете двете варијанти, решете се за онаа што моментално ви одговара. Работата ќе ви помогне да го сочувате чувствителниот нервен систем.

Рак
Она што може да ви биде тешко е сознанието дека немате кому да с еодверите. Забележувате дека сж за што зборувате оди понатаму. Би сакале да имате доверба и можност за вербално зближување, но тоа моментално е невозможно. Се решавате за уште поголема изолираност и недоверливост. Морате да с екоригирате во таа смисла.

Лав
Иако се обидувате да ги средите брачно – партнерските односи, констатирате дека имате слаба корист од тоа. Тоа ве излудува, како и сознанието дека немате на кого да се потпрете. Бракот или врската веќе подолго време се во криза, па бараат дефинитивно разјаснување. Понекогаш е подобар тенок мир, отколку дебела парница.

Девица
Бидејќи не можете да ја дигнете главата од работа, напнати сте. Ни тоа не е лошо, зашто кога ќе мине работната гужва, ќе имате време за расчистување. Пожелно е да посветите повеќе внимание на здравјето. Исцрпеноста, проследена со нередовна исхрана може да доведе до активирање на здравствениот проблем од хронична природа.

Терезија
Незадоволни сте, иако на моменти се обидувате да побегнете од тоа сознание. Она што е интересно, тоа во пријатно друштво ви поаѓа од рака. Штом ќе останете сами, се пресметувате и доаѓате до сознание дека не сте на позитивна нула, туку во дебел минус. Брачните кавги се минливи и бенигни.

Скорпија
Денот е поволен за работа, но не и за љубов. Затоасвртете се кон овие сегменти на животот во кои сте моментално најуспешни. Љубовта може да причека подобри времиња. Скорпиите во брак се подготвени на партнерот да му најдат илјада маани, а себеси нит една. Бидете пообјективни, бидејќи нема идеали.

Стрелец
Бидејќи ве очекува успешен ден, не дозволувајте да ви го упропастат ситници. Уживајте во него и дишете со полни гради. Не сте ни свесни колку сте среќни, но ќе се освестите еден ден – кога среќата ќе исчезне. Љубовта ве сака, работата исто така, а и уметноста, секако. Во свој елемент сте!

Јарец
Остварувате успешна комуникација. Се трудите слободното време да го минувате надвор од дома. Се заситивте, но не и од старите добри пријатели. Тие со своите совети ви помагаат да ја надминете долгата криза на ниво на личноста. Понекогаш добронамерен совет, вреди пари. Размислете за ова.

Водолија
Тешко на оној што ќе ви стапне на плускавец. Доаѓа до израз мрачната страна на вашиот карактер. Бидејќи живеете во свет на лаги и измами, само го потиснувате здравствениот проблем, а не го решавате. Самите себеси сте си непријател. За уметниците тоа не е лошо, но повеќето Водолиии не се во уметничката бранша.

Риби
Сфаќате дека односот со одредена личност е неизвесен. Доколку станува збор за емотивна врска, во прашање е чисто промашување. Причината за вакво размислување се наоѓа во чувството на инфериорност. Бидејќи ни себеси не се цените доволно, нормално е дека тоа не го прават ни другите. Затоа, памет во глава и бидете пореални кон себе.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *