Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (02.08.2021)

ОВЕН
На своја кожа чувствувате позитивна енергија, па прифатете ги предизвиците што ви ги нуди едно вонсериско лице. Ќе биде лудо и незаборавно, за што и да станува збор. Покрај обилноста на страсти, не испуштајте ниту еден деловен предизвик: понуди, договори, планови. Водете само сметка да не заборавите.

Бик
На вас некој постојано врши притисок. Можеби токму затоа лошо се чувствувате. Мора нешто итно да преземете за да ги исфрлите несаканите емоции. Еден од начините е да поканите гости, или да организирате средба, бидејќи дојде ред на вас. Смеењето е најдобра терапија.

БЛИЗНАЦИ
Партнерот почна да ве доведува до лудило. Сака нешто што не можете да му го дадете, па кавгите се неизбежни. Не знаете што да правите? Дали да ја прекинете врската, или да се карате? Најдобро би било да се смирите и да почекате поповолен момент. Се’ ќе биде во ред.

РАК
На прв поглед, неважни настани може да имаат значење за натамошниот тек на настаните. Не дозволувајте шансите да ви побегнат, зашто понудата ќе биде особено примамлива. Воспоставувате многубројни контакти, или на извесен начин контактирате со јавноста. Со Стрелците никако да најдете заеднички јазик.

ЛАВ
Ситниците понекогаш малку ве иритираат. Суетата е доведена во прашање, па ќе бидете поранливи од обично. Не заморувајте се со глупости, туку свртете се кон она што има шанса да успее, а тоа се нова работа и заработувачка. Ќе блескате на свој начин.

ДЕВИЦА
Во момент донесувате одлука и тргнувате во акција. Бидејќи не можете да се повлечете, во конфликт сте сами со себе. А кога не сте? Ништо страшно, само во наредните неколку месеци мора да се учите на трпение и дисциплина. Свртете се на содржините што ветуваат побрз и посигурен исход.

ВАГА
Не мора многу да работите, а време за муабети имате на претек. Никој, како припадниците на овој комуникативен знак не умее толку слатко да пренесува трачеви, па единствено ним не им се зема за зло таквото однесување. Партнерот по којзнае кој пат ви докажува љубов. Не одбивајте го!

СКОРПИЈА
Неколку дена проблемите се во втор план, пред налетот на пријатните случувања. За жал, на се’ еднаш му доаѓа крајот, па така и вие мора да се вратите во реалноста, која не е розова. Посебно треба да се обрне внимание на здравјето. Слабата точка на организмот веќе дава сигнал дека нешто не е во ред.

СТРЕЛЕЦ
Избегнувајте конфликтни ситуации, зашто склоноста кон преувеличување и докажување е изразена. Од тоа нема да имате никаква корист. Еден Овен сака да ве исфрли од рамнотежа. Доколку ви појде од рака да го исконтролирате – секоја чест. Сите имаат дигнато раце од него, па бидете умешни колку што можете.

ЈАРЕЦ
Се чувствувате добро, зашто сте задоволни со сите сегменти на животот. Исклучително ви годи дружење со Близнаци, затоа што тие се подинамични и поведри од вас, барем на прв поглед. Партнерот се обидува пријатно да ве изненади. Ако не успее, барем одглумете задоволство.

ВОДОЛИЈА
Активен и комуникативен ден. Функционирате, според сопствената природа, на повеќе фронтови. Затоа нека не ве зачуди нервната раздразливост, покрај максималната ангажираност. Сепак, вие сте нежна егзотична билка што бара специјален третман.

РИБИ
Иако максимално сте фокусирани на парите, наместо да ги штедите, како што умеете, ќе бидете во ситуација да се расфрлате. Една од причините е подарок за кој нема да жалите. Иако астролозите сметаат дека сте скржави, вие сте исклучително рационални, барем кога се парите во прашање. Не расфрлајте ги на глупости.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>