Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (04.01.2024)

04Овен
Убавиот период за вас продолжува. Интересните случувања во емотивниот живот уште повеќе ќе ја доведат до израз вашата позитивна енергија со која зрачите пред околината. Но, внимавајте да не претерате со искажувањето на чувствата, бидејќи веќе во наредниот момент може да се почувствувате емотивно слаби.

Бик
Идеален ден за подобрување на односите со партнерот и за склучување нови пријателства. На успех може да се надеваат сите претставници на овој знак кои се вклучени во трговски зделки. Без оглед на поволниот период, бидете подготвени на мали пречки кои може да ви ги променат плановите.

Близнаци
Спортувањето и физичката активност придонесуваат да се чувствувате одлично. И понатаму сте задоволни од развојот на настаните кога е во прашање љубовта, но треба да размислите колку сте подготвени да се жртвувате за да ги исполните целите на партнерот.

Рак
За вас разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите и се однесувате коректно со пријателите и околината. Работата од вас бара да бидете систематични, па затоа се’ ви поаѓа од рака. За доброто расположение бидете му благодарни на партнерот и на вистинските пријатели.

Лав
Многу припадници на овој знак денес ќе забележат успех доколку работното место е поврзано со јавниот живот. Иако успехот е загарантиран, тремата и постојаната тензичност се неминовни одлики кои може да ве следат до искачувањето на врвот. Решавањето на емотивните проблеми ќе почека некои подобри денови.

Девица
Се’ е во знакот на успешната соработка и подобрувањето на материјалната позиција. Имате поддршка од лица родени во знакот на Близнаци, кои можат навистина да ве насочат кон правилната цел. Бидејќи постојано имате некои нерешени проблеми, можеби е време да почнете со изнаоѓање излез.

Терезија
Вложувате огромен напор за да ја постигнете саканата цел. Избегнувајте ги судирите со околината, бидејќи нема ништо да добиете со арогантноста и цинизмот. Проблем на денот ќе бидат вашата мрзливост и чувството дека нештата не се под ваша контрола.

Скорпија
Изразената енергија ќе ја комбинирате со емотивни реакции кои ќе предизвикаат чудење кај околината. Ѕвездите ве советуваат да не го губите здравиот разум и да дејствувате моќно како што знаете и умеете. Емотивните проблеми постојат кај сите, затоа не треба да се чувствувате како исклучок од нештата.

Стрелец
Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците кои ќе бидат предизвикани поради вашето нетрпение и постојаната нервоза. Доколку не сакате некој да се шегува на ваша сметка, тогаш би било подобро да бидете потолерантни и да слушнете што кажуваат другите.

Јарец
Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината.

Водолија
Емотивната состојба ве загрижува, бидејќи подолго време се сомневате во довербата спрема партнерот. Љубоморната страна на вашиот знак е главен иницијатор за нестабилноста во вашиот емотивен и професионален живот. Кога малку би се олабавиле, би сфатиле дека нештата се онакви какви што посакувате вие.

Риби
Го избравте вистинскиот момент за акција. Никогаш не е доцна, но по правило донесувате вистински одлуки во погрешно време. Наредниот период е одличен за средување на емотивниот живот. Направете избор меѓу прекин на лошата врска или смирување со партнерот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>