Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (02.01.2019)

Овен
Пред вас е одличен ден. Некои се трудат да ви го расипат денот, но нема да им успее тоа. Партнерот е подготвен да ви помогне во решавањето на заедничките проблеми. Премногу размислувате за парите, а помалку за штедењето.

Бик
Конфликтни сте, а последица на тоа е лошата здравствена состојба. Внимавајте на исхраната и не внесувајте слатки работи. Од ништо не се плашите и полни сте со самодоверба. Пешачете и олабавете се.

Близнаци
Некои работи можете да ги остварите само во мир. Доколку околината почне да ви додева, потрудете се да се дистанцирате. Не допуштајте им многу на блиските да ви досадуваат. Ставете се себеси на прво место.

Рак
Премногу избрзувате со одлуките. Морате да се смирите и да размислувате за следните потези. Ако продолжите така, ќе имате повеќе штета отколку корист. На емотивен план стагнацијата е нормална последица на случувањата.

Лав
Ви се нудат одлични можности за развој на ментални и практични способности. Ве очекува професионален успех кој ќе ви го промени животот. Партнерот ве обожава, поминете убави моменти со него. Непотребно се нервирате.

Девица
Нервозни сте и не можете да се контролирате, а причина за тоа е заморот. Потрудете се работата да ја сведете на минимум и релаксирајте се со добра книга. Конечно го постигнавте она за кое цел живот сонувавте. Заљубени сте повеќе од кога и да е.

Терезија
Занимавањето со различни спортови и работи ви помага добро да се чувствувате. Имате одлична соработка со колегите. Со партнерот целосно се разбирате, надевајте се на нешто посериозно. Вие сте совршена комбинација.

Скорпија
Очекувајте интересни случувања во домот. Ве очекуваат убави моменти, особено на финансиско поле. Очекувајте подарок од партнерот, простете му за грешките. Олабавете се и не бидете мрачни.

Стрелец
Конечно сте смирени, несогласувањата со партнерот прекинаа. Не дозволувајте никој да се меша во вашата приватност. Олабавувањето исклучиво ви годи, па смирено ги прифаќате сите промени. Некој нема да одолее на вашиот шарм.

Јарец
Разменувате идеи со некој близок. Ви се укажува одлична можност за патување која ќе ја реализирате по секоја цена. Потрудете се да се смирите откако ќе заврши таа авантура. Нервозни сте, а тоа е последица на претераното работење.

Водолија
Некој се труди да ве исфрли од колосек, но не се давате. Никој не може да претпостави колку сте жилави и отпорни. Вознемирувањата се поврзани со семејството, подгответе се за секаква ситуација. Доколку се занимавате со пишување, ова е одличен ден за тоа.

Риби
Нека не ве зачудуваат необични љубовни афери. Не сте способни да го увидите својот степен на одговорност. Не префрлувајте ја вината на другите за вашиот неуспех. Најлесно е да ја префрлите одговорноста на другите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *