Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (01.12.2018)

Овен
Импулсивни сте и превртливи. Тоа не се ваши особини. Се обидувате нешто да промените, но сте збунети. Консолидирајте се со спортување и со децата. Но, знајте дека и партнерот бара внимание. Ако е Скорпија, дополнително ќе мора да ги задоволите неговите барања.

Бик
Чувствувате силна потреба да се обезбедите за црни денови. Тоа не е лоша особина, доколку никого не загрозувате. Периодот пред вас е добар и за занимавање со недвижности, селидба, па тргнете во акција. Еден Рак ве поддржува во многу работи. Ниту еден Бик не е рамнодушен.

Близнаци
Успешен деловен период проследен со контакти и со потпишување договори. Имате добра астролошка поддршка. Пожелно е да соработувате со личност родена во знакот на Овен или Близнаци, но и Девицата не е лошо решение. Доколку се грижите за зборовите, шансите да успеете се големи.

Рак
Вредно работите, додека планетарните аспекти ви укажуваат да го намалите темпото. Сепак, се’ поднесувате во границите на нормалата, бидејќи сте мотивирани. Тоа се однесува и на заработувачката. Кога сте тргнале во акција, добро проценете. Бидејќи имате повеќе мотиви, проблемите ќе ги решите како на шега.

Лав
Со самодоверба и со брзи акции ќе го решите тоа што до вчера изгледало невозможно. Постои опасност од повреди. Зрачите со енергија, но сте многу нетрпеливи, а тоа може да има и лоши последици. Доколку не успеете да ги совладате препреките, здравјето ќе ви биде на удар.

Девица
Чувствувате како од себе не можете да ја исфрлите негативната енергија. Како по обичај, ја преувеличувате ситуацијата. Мора да функционирате силно и одлучно од тоа што можете. Навикнувајте се. Партнерот ќе се обиде да даде поддршка. Прифатете ги неговите услови.

Терезија
Вредно работите за да ги остварите целите, материјално или духовно. Бидејќи сте друштвени и толерантни, ве очекува пријатен и комуникативен ден. Многу енергија вложувате во креативни задачи, што ќе ви се исплати. Стрелец нешто ќе ви предложи. Одлучно прифатете ја понудата.

Скорпија
Конфликтната ситуација е евидентна, како и тоа дека не ви е лесно. Благодарение на движечката сила, ќе остварите исклучителни резултати, па не обрнувајте внимание на пречките. Тоа е нормално, а Водолија, која од сите страни сака да ги минира вашите активности, наскоро ќе остане само бледа сенка.

Стрелец
Се чувствувате слободно како птица на гранка, па покажувате заби на секој што се обидува да ви го расипе расположението. Бидејќи постои опасност од незгода, мора да бидете дополнително внимателни. Ќе доживеете мала експанзија на љубовен план.

Јарец
Успешен период за Јарците што се занимаваат со политика или за тие што своите интереси ги потиснуваат поради општествените интереси. Доколку некој ви довери пари на чување, не плашете се, бидејќи сте исклучително надарени за такви работи. Со Скорпиите остварувате плодна соработка во сите сегменти.

Водолија
Бидејќи сте страшно тврдоглави, вашите брачно-партнерски односи трпат. Некој мора да попушти, а вам ви здодеало тоа да бидете вие. Планирате како да го изненадите постојаниот партнер. Нема да ви успее бидејќи тој веќе станал отпорен на вашите шокови.

Риби
Влезени сте во одличен период за работа. Ако претерате, можете да се разболите. Наредните денови од вас се очекува комплетна смиреност, особено во исполнување на работните задачи. Виталноста ве предупредува дека мора да се занимавате со спорт за да ја зачувате формата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *