Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (01.10.2021)

ОВЕН
Не дозволувајте финансиските фрустрации да ви попречат на патот кон успехот во комуникацијата и завршувањето на работите. Тоа е привремена ситуација. Може да бирате: или одлучно да продолжите кон целта или да побарате помош.

БИК
Денеска ќе шармирате некого со својата појава, па затоа навреме проверете во кого сте ја насочиле енергијата за да не зажалите подоцна. И соништата може да се остварат доколку имате силна желба и волја во преземањето практични чекори. Имајте го ова на ум.

БЛИЗНАЦИ
Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како што гледате вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате.

РАК
На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете нова личност, не дозволувајте вашата лутина и фрустрациите да влијаат врз конечниот суд, туку покажете ги своите квалитети.

ЛАВ
Вашиот природен инстинкт денеска ќе ви дава посебни сигнали поврзани со одредена работа за која треба да се помачите. Покрај тоа, вие сте способни да му испратите суптилни сигнали на лицето што ви се допаѓа, а никој да не забележи, зарем не?

ДЕВИЦА
Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе кои имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва помуабетете си со својот партнер и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.

ТЕРЕЗИЈА
Новата надеж за исполнување на плановите повторно е на хоризонтот, па и вие можете малку да се релаксирате и да му покажете на партнерот колку го сакате. На вратата ќе ви чукнат нови инвеститори кои ќе ви дадат понуда која нема да можете да ја одбиете.

СКОРПИЈА
Ова не е ваш период – нервозни сте и загрижени. Имате проблеми со финансиите, сите нешто бараат од вас, па е препорачливо да броите до десет. И комуникацијата ви претставува проблем, сите ви се виновни, а зад се се крие вашата потреба за доминација..

СТРЕЛЕЦ
Денот е создаден за желби, но не претерувајте во очекувањата. Бидете внимателни со лицето што ви изгледа премногу добро за да биде реално. Најверојатно ќе се разочарате. Ќе дознаете дека човекот покрај вас не е тоа за што се претставува.

ЈАРЕЦ
Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.

ВОДОЛИЈА
Ќе се најдете во средината на еден скандал, а нема да ви биде јасно како се случило тоа. Едноставно, премногу зборувате на погрешно место. Но, со оглед на тоа што денеска сте многу шармантни, се ќе помине безболно, а вие конечно ќе сфатите дека некогаш имате предолг јазик.

РИБИ
Доколку одлучите да кажете некоја тајна, треба да бидете подготвени на она што ќе следува потоа. Ќе се појават многу трачови за едно лице што не ги заслужува. Бидете подготвени на деловни одложувања и фрустрации кои ќе произлезат од работата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>