Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (01.04.2021)

Овен
Едноставно не мирувате. Слободните моменти користете ги за телефонски разговори. Успешна комуникација, промените и прилагодливоста ушто повеќе ги потенцираат вашите деловни таленти. Моментално сте неуморни, но и непостојани.

Бик
Проблемите со грлото се последица од прекумерното пушење и гласното зборување. Еднострано гледате на животот, докажувајќи исправност на сопствените чекори. Неминовни се последиците како нервоза и подмолност.

Близнаци
Близнаци се постојано под блага тензија, бидејќи се од таков сој, моментално се прифаќаат со леснотија. Ментално сте активни, размислувате за новите работи и не се досадувате. Треба само да се релаксирате и да уживате.

Рак
Во фаза сте на планови и приказни, но ништo конкретно не превземате. Доколку имате на кого да се потпрете, ќе биде одлично, бидејќи ви недостасува цврстина за да се изборите со животните проблеми. Од партнерот не добивате поддршка.

Лав
Дали правилно размислувате? Можеби вашите планови се премногу утописки па ја отежнуваат моменталната ситуација? Проблеми имате безброј, дилеми исто така. Нема да ви биде лесно, но нема љубов без болка, па ни решение без солзи.

Девица
Бидејќи чесно си поминавте и се изнауживавте, размислувате за работите. Амбициозни сте поради поволните планетарни аспекти. Нешто веќе сте оствариле, ама не сакате да живеете на вересија. Потребен ви е постојан допинг во вид на нова работа и финансиски стимуланс.

Терезија
Го растурате она што го имате во изобилство-енергијата. Избегнувате тешки задачи и одите по линија на помал отпор, што значи дека сте рационални кога станува збор за растурање на физичката сила. Се секирате за глупости.

Скорпија
Што ви се случува? Опкружени сте со конфликти, расправи, кавги, иако и пред најмалата опасност се повлекувате. Околината тешко ги прифаќа промените, а тие се евидентни. Доколку сакате да бидете поуспешни, морате да излезете на крај со своите бариери.

Стрелец
Знаете дека имате бурни промени во животот. Ете одговор на прашањето поради кое сте креативни, тактични и полни со убаво однесување. Со ситно внимание и крупен подарок може да се поправи вашето расположение.

Јарец
Планирате нова работа, работа која бара тимска работа. Нема да биде едноставно, од проста причина што умеете да работите, па исто така тоа го очекувате и од другите. Наредните денови треба да се стави акцент врз исхраната и здравјето.

Водолија
Нова љубов или различен пристап ќе ви го разубават денот. И децата се тука да ви го поправат расположението. Ќе ве израдуваат со успеси и ситни нешта. Размислувате многу конструктивно и креативно. Со ентузијазам тргнувате во нови деловни потфати.

Риби
Ретко имате време и желба да уживате во топла домашна атмосфера. Бидејќи денес тоа го можете, во годат удобни папучи и мириси од кујната. Без потреба не излегувајте од дома. Соберете сила за адаптација на животниот простор.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *