Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (01.04.2019)

Овен
Ве очекува пријатен ден исполнет со страсни љубовни искуства. Партнерот е осетлив, па потрудете се да бидете нежни. Добри вести. Шанса за патување. Здравјето ви е одлично.

Бик
Денес сте деловни и премногу зафатени. На полето на љубовта остварувате хармоничен однос, како во креветот така и во личните ставови. Финансиската добивка е извесна. Проблеми во сообраќајот и со пријателите.

Близнаци
Односот со партнерот ви е добар, но повеќе на интелектуален отколку на љубовен план. Можно е емотивно незадоволство. Големи трошоци. Убави односи со пријателите и соседите. Добро здравје.

Рак
Треба да ја контролирате својата потреба за доминација. Ако тоа не го направите денес лесно ќе влезете во непотребна расправија со најблиските. Сигурна добивка или наследство. Страсна љубов.

Лав
Необично добро сте расположени. Ве очекуваат складни односи, посебно со саканата личност. Можност за кратко патување. Но бидете внимателни да не се појават некои проблеми. Здравјето ви е одлично.

Девица
Иако сте целосно ангажирани на работа изгледа дека финансиската состојба нема да ви се подобри или имате многу трошоци или се’ што земате веднаш го трошите. Проблематичен однос со фамилијата.

Терезија
Изгледа на партнерот му годи вашата сензуалност, бидејќи односот денес ќе се поправи. Успех во љубовта и во игрите на среќа. Сигурна финансиска добивка. Можни проблеми на работното место. Лоша здравствена состојба.

Скорпија
Партнерот денес е особено весел, па ќе можете да остварите добра интелектуална комуникација, но не и на емотивен план. Шанса за мала добивка. Избегнувајте непознати места. Помали проблеми ќе имате со децата.

Стрелец
Многу време ќе поминувате со пријателите бидејќи со нив најдобро се чувствувате. Сепак ќе имате недоразбирање со еден од нив. Ситуацијата на љубовен план се подобрува. Проблематична финансиска состојба.

Јарец
Денес сте потполно предадени на работата. Партнерот нема многу разбирање за вас, па можни се несогласувања. Успех на финансиски план. Денес избегнувајте какво било патување. Посветете повеќе внимание на фамилијата.

Водолија
Многу сте позитивно расположени. Ве очекуваат добри вести на работното место, а финансиската состојба полека се подобрува. Сепак е најважно што од партнерот добивате многу внимание и љубов.

Риби
Добар интелектуален и еротски однос со саканата личност. Би можеле малку да ги стивнете страстите, поради пренагласеното лутење. Можни се физички повреди, па бидете внимателни. Финансиска добивка.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *