Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (01.03.2018)

Овен
Успевате да ги ускладите зборовите со делата, така што фантастично функционирате. Искористете ги овие моменти бидејќи не се случуваат често. Избегнувајте киксеви и неискрени постапки, енергијата треба да ја искористите на вистински начин. Јазикот ви е побрз од паметот, можете да се издадате пред партнерот.

Бик
Моментално повеќе ви одговара да слушате отколку да зборувате. Морате да ги анализирате туѓите проблеми и да изведувате заклучоци со желба да им помогнете на пријателите. Потребен ви е одмор, премногу сте преморени. Зајакнете го имунитетот, можни се проблеми со грлото.

Близнаци
Постојано славите нешто и уживате во друвштвото со пријателите. Бидете самокритични бидејќи почнавте сериозно да делите совет на другите. Чувјте се од скандали кои ви прават конкуренција со цел да ве омаловажат. Бидете подготвени за новите случувања кои ќе ве направат задоволни.

Рак
Наредните денови ќе обрнете внимание на конкретни работи. Искористете ги своите организаторски способности на најдобар начин. Образованието ќе ви помогне да напредувате во кариерата. Се наоѓате во период кој е одличен за промена на статусот. Планирате да одите во шопинг, а тоа добро ќе ви дојде.

Лав
Размислувате за патување низ земји кои ќе ви ја разбудат фантазијата. Оние припадници кои се занимаваат со маркетинг , може да очекуваат успех. Партнерот се подготвува пријатно да ве изненади. Доколку подготвувате некои нови планови, бидете сигурни дека ќе наидете на поддршка од блиските.

Девица
Се трудите со својот авторитет да постигнете нешто што не сте во состојба да го постигнете со убави зборови. Бидете поупорни и можете да очекувате успех, особено доколку се занимавте со недвижнини и банкарство. Потрудете се помалку да оговарате и да се насочите кон работата.

Терезија
Морате да решите сериозни работни задачи, доколку сакате да успеете. Потпрете се на сопствената сила, бидејќи соработниците можат само да ви ја отежнат работата. Конечно почнавте да ги средувате односите со партнерот. Потрудете се да поминете уави моменти заедно.

Скорпија
Сфаќате дека мора да се насочите само кон она од што се живее. Вредно работите, си ја гледате својата работа и се трудите на најдобар начин да ги решите своите проблеми. Најважно од се е да успеете со мудри потези. Потрудете се да ја зачувате ведрината и добриот изглед.

Стрелец
Пред вас се денови полни со љубов и задоволвство. Радост ви причинува саканата личност, која ве поттикнува на креативност. Ќе имате успех на берзата и со игрите на среќа. На професионален план се се случува молскавично. Реагирате исправно, и премнгу размислувате.

Јарец
Причина за напнатост барајте во заморот. Премногу обврски си зададовте отколку што можете да обавите. Страмежливи сте и не сакате во односите со спротивниот пол да бидете директни. Потрудете се да бидете провокативни. Доколку планирате да се селите ова е одличен период за тоа.

Водолија
Успешниот период и понатаму продолжува. Ви се нуди нова работа и заработивачка. Секој ден сте се пошармантни а тоа ви помага да воспоставите контакт со спротивниот пол. Доколку се најдете во ситувација да потпишувате документи, бидете внимателни. Не нервирајте се за глупости.

Риби
Кога се во прашање парите одите од крајност во крајност, или премногу сте скржави или премногу трошите. Носте брзи одлуки кои ќе бидат корисни. Љубоморни сте на успехпт од околината и покрај тоа што криете. Потрудете се да ги промените сопствените слабости, однесувајте се спонтано и нормално.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *