Top
Под црвената свила

Под црвената свила

Во полусон се разбудив и сеуште го чувствував виното на усни. Повик од непознат број. Се претстави и побара да се најдеме, директно со прашањето: Кафе-мафе?
Тоа е тоа што го очекував. Дали е очаен или мојата храброст му ги разбуди возбудите толку рано наутро и си помислив сигурно бев тема на кафе-муабетот со пријателите откако заминав.
Прифатив кафе-мафе за половина час, рано наутро околу 5. А каде се пие кафе толку рано или се прескокунва? Всушност кафето е само изговор.
Го пречекав пред врата, така поспана немав желба за средување… виното сеуште стоеше на масата, полу-празна флаша.
Си имала друштво синоќа? – изговори со блага насмевка, додека го потготвуав кафето… (кое воопшто не си не испи).
Страста почна да се распламтува.
Врескање, грицкање, бакнежи и оргазам… ме расонија тоа утро.
Целта е постигната, но што следи понатаму. Одговорот кој сакав да му го кажам.
Чао, се гледаме! – некако не можев да го изустам, неговиот парфем на гради ме обзеде и останав така да лежам, гола сама под црвената свила, мојот вртлог на страста.
Моето друго јас ме запраша: Очекуваш ли да ти се јави повторно?
Зошто би очекувала, мојата желба е задоволена, има ли потреба од уште една средба?
И колку мажите ги почитуваат таквите жени?
- Нема потреба, од тоа… убавината е во кратките задоволства, а знам дека тој ова задоволство ќе го чува! – ѝ одговроив со насмевка.

Црвените потпеции беа следени од мажите додека го напуштав кафулето и се упатив кон факултетот, предавањата ме инспирираа… а рано утринските сцени ми ги пополнуваа моментите на деконцетрација. Колку ли парови ја започнале својата приказна на ваков начин? Жените го кријат тоа, срамно е. А од кога ли е срам да си среќена, исполнета и опуштена?
Вечерта мина без моите игри, сакав само топла купка и мирен сон.
Ќе ме побара ли повторно?
- Ооо, Да! Овој пат само за кафе-муабет.

Автор: Елена Андоновска


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*