Top
Не знам

Не знам

Не знам што да сонувам, не знам на што да се надевам.

Не знам дали ме паметиш или веќе ме заборави, не знам ниту дали чувствувам нешто или сè се брише како неколку зборови внимателно одбрани но напишани со молив за да може гумата лесно да ги избрише, за да бидат заборавени уште пред да бидат кажани, за повторно да бидат премолчени. Не знам за твоето минато кое е во прегратките на заборавот, не знам за работите кои те загрижуваат или насмевнуваат, не знам за моето место, не знам ниту да сакам а да не побегнам. Не знам за твојата храброст или пак за твојот најмрачен кошмар. Не знам дали ќе чекориме по ист пат или сè е залудно, дали ќе ми дадеш шанса или само ќе ми го завртиш грбот без да ме запознаеш. Не ја познавам разликата на нашите души, не знам за ниту еден дел од иднината. Не знам дали сè да му препуштам на заборавот или токму ова е вистинското време да започнам да се борам.

Автор: Ѕвездица Ристеска


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*