Top
Лоша на најдобар начин

Лоша на најдобар начин

И ќе ме прашаат за тебе. Ќе ме прашаат како сум и како заврши нашата приказна, а јас само ќе ја наведнам главата надолу и ќе се вратам на местото каде што ме уби. Каде што ја уби љубовта во мене, каде што ме уби мене со неа. Ќе се вратам на местото каде што бев среќна затоа што те најдов тебе, каде што ти беше среќен затоа што најде „девојка“ со која ќе го поминеш здодевното време. Ќе се вратам на местото каде што моето сè беше твоето ништо. Каде што бевме само ние. Каде што јас, бев јас, ти беше ти. Никогаш не бевме ние. И ќе ме прашуваат, ќе ми зборуваат за тебе. Јас секогаш ќе се враќам на нашето место, упс грешка… ќе се вратам на моето место. Секогаш ќе се сеќавам на празните зборови, секогаш ќе одам по твоите траги на моите усни, раце, коси. Ќе одам по трагите кои што водат во бестрага. Траги кои што ќе ти ја затворат душата и ќе те направат камен. Ќе те направат како него. Иста. Но не, не сакам да бидам девојка без емоции. Никогаш. Знам дека можам да бидам подобра од него, знам дека на светот му требаат луѓе како мене, знам. Знам и дека тој никогаш нема да може да биде како мене, тој секогаш ке биде шмекер со став, кој наместо да се залага за корисни работи, ќе се залага да биде фаца во друштвото, кретен кај девојчињата, татин син. И пак ќе ме прашаат за тебе, ќе се насмеам, ќе им речам дека беше добар, најдобар. Дека така требаше да биде. Но, секако во дното на душата ќе знам дека беше добар на најлош начин, а јас бев лоша на најдобар начин. Требав да бидам горда, полу зрела тинејџерка, која што ќе му ги покаже вредностите, требав да бидам јака како и секогаш. Но, пред него бев слаба, доволно слаба за да бидам лоша на најдобар начин. Да замижам пред грешките, да ги затворам ушите кога ги кажуваше непотребните зборови, да го затворам срцето. Но, не го затворив. Сакав да бидам лоша, барем овој пат… И бев, бев лоша на најдобар начин.

Автор: Мила Димчевска


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*