Top

Зоолошката градина во Централ Парк

Лавот Алекс, жирафата Мелман, нилскиот коњ Глорија и зебрата Марти… Ликовите од анимираниот филм “Мадагаскар” на сите ни се добро познати. Нивната авантура започнува во срцето на Њујорк, во Централ Парк каде е сместена познатата зоолошката градина, а потоа дејството се пренесува низ тропските предели на Африка.

Но, дали сте се запрашале како навистина изгледа оваа зоолошка градина и кои се нејзините жители?



Зоолошката градина во Централ Парк датира од далечната 1860 година, кога функционирала повеќе како менажерија – градина во која покрај убавите растенија имало и по некој редок пример од фауната, а својот денешен лик го оформила во 30-тите години на дваесеттиот век. Во склоп на истата денес се среќаваат поларната мечка, леопардот, црвената панда, снежниот мајмун, калифорниската фока, бројни видови пингвини и рептили – боата и отровните жаби. Мотото на зоолошката е “Поврзување на луѓето со дивата природа” (“Connecting people to wild nature”).

Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *