Top

Предлог дестинација: ЗАКИНТОС

Се прашувате ли каде можете да ја најдете оваа прекрасна глетка?



Се работи за грчкиот остров Закинтос (Zakynthos) кој се наоѓа на јужниот дел на Јонското Море.
Името го добил по тројанскиот крал Дардан. Закинтос е трет по големина од седумте најголеми Јонски острови и зафаќа површина од 410км2. Должината на неговото крајбрежје изнесува 123км.

Доколку сте авантуристи, љубители на добриот одмор придружен со незаборавна забава, ова е вистинското место за Вас!
Освен тоа, може да уживате во мирната природа и пасивниот одмор збогатен со вкусна храна и специјалитети во многубројните таверни.
Едноставно, ова е место каде што Ваше е само да пристигнете, да го одберете одморот којшто го посакувате и да се препуштите во рацете на гостопримливите жители.
Ќе наидете многу мали планински селца, кои се познати по госопримливоста, гастрономијата и
традиционалното вино.

Закинтос е познат и како еден од најсончевите острови во Грција со блага клима, прекрасни борови шуми, идилични и скриени заливи, прекрасни туристички места со богата и разновидна понуда.

Исто така, за нуркачите, Занте е еден од највозбудливите места кое нуди добра опрема за нуркање, а подводните убавини се неопишливи, вклучувајќи ги тука и познатите карпи кои навистина вреди да се видат.

Закинтос уште е познат и како остров на желките

Морските желки Карета (Caretta) на песочните плажи на југот на Закинтос ги положуваат своите јаца. За да се заштитат нивните легла и нивниот опстанок, оваа област е прва во Грција која станала национален приморски парк.

Секоја година од почетокот на јуни па сè до крајот на август, женката ги несе своите јајца, ги покрива со песок со цел да ги заштити и по 55 дена малите си го наоѓаат својот пат до водата.

Дали знаевте за приказната за засуканиот брод на Навагио – најпознатата плажа на островот Закинтос?

Навагио – плажа со фин бел песок, тиркизно море и познатиот труп на бродот заринкан во песокот. Освен како Навагио (кој на грчки значи труп од брод), плажата е позната и како “Заливот на
шверцерите” поради приказната која објаснува како се нашол таму трупот на бродот кој денес е заштитен знак на Закинтос.

Приказната вели дека во 1980-та еден товарен брод во Јонското море бил гонет од Грчката морнарица заради сомнеж дека екипажот се занимава со криумчарење. Наводно на бродот имало вино, цигари и жени, а потерата завршила така што бродот затекнат од бура заринкал на плажата каде останал сè до денес.

Автор: odberipatuvanje.mk

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>