Top

Топ европски дестинации за Велигден

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, ви предлагаме неколку интересни европски дестинации кои вреди да ги посетите.

ИТАЛИЈА
Во средината на април, најатрактивен дел од Италија е Вениција. Венеција, сместена на северниот дел од Италија, изгледа навистина фантастично во пролет. Возење со брод до прочуениот плоштад Св. Марко, како и разгледување на престолнината на некогаш моќната Млетачка Република се нешта кои морате да ги видите доколку се одлучите да ја посетите Венеција.

ПОРТУГАЛИЈА
Станува збор за подалечна дестинација, но доколку имате авантурстички дух и сте љубител на патувања, слободните денови околу Велигден можете да ги искористите за посета на Пиринејскиот и Иберискиот Полуостров.
Лисабон е главен град на Португалија, воедно и најголем. Се наоѓа на брегот на Атлантскиот Океан на вливот на реката Тежо. Овој град изобилува со интересна архитектура во многу стилови, воглавно изградени после катастрофалниот земјотрес од 1755 година. Центарот на градот е под закрила на УНЕСКО.

ШПАНИЈА
Доколку се одлучите за посета на Шпанија, наша препорака е тоа да биде Барселона. Меѓу другото, во Барселона се наоѓаат најпознатите архитектонски дела на Антони Гауди и Луис Доменик кои УНЕСКО ги прогласи за светско наследство.

ГЕРМАНИЈА
Пролетта се чини како иделна за посета на дворци и замоци, а најголем дел од нив се наоѓаат токму во Баварскиот дел на Германија.
Воедно, може да го посетите и Минхен кој е еден од најпопуларните градови во овој дел од Германија, а особено ќе ви се допадне доколку сте љубители на забавата, пивото и ноќниот живот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *