Top

Адреналин на 2.540 метри: Солунска Глава

Солунска Глава е врв на планината Јакупица со височина од 2.540 метри, дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина.

Како можни тури преку врвот Солунска Глава планинарите ги користат следниве траси:
* Чеплез – Солунска Глава – Убава – Патишка река – Скопје (околу 8 часа пешачење),
* Чеплез – Солунска Глава – Планинарски дом Караџица – Планинарски дом Китка (околу 4 часа пешачење).

Солунска глава од својата јужна страна претставува маркантен алпинистички објект, амфитеатар со широчина од 5 км и височина од 500 до 1.000 метри. Карпата по состав е варовник со кршливост која што варира во различни делови од истата. На карпата има околу дваесетина алпинистички насоки со многу слаба заштита.

На Солунска Глава може да се искачуваат само добро подготвени алпинисти.

Масивот Солунска Глава има карстен геолошки состав и овозможува потенцијали за спелеолошки истражуавања. Во последните години се вршени голем број експедиции, кои формираат една слика дека под врвот постојат огромни езера и резевоари на вода, што се поистоветуваат со старото име за масивот Мокра Планина. На северната страна од врвот се јавуваат повеќе карстни геолошки форми (карстни полиња, ували, вртачи), низ кои водата понира и избива на јужната страна во изворите на реката Бабуна.

Извор: wikipedia | Фото: Мартин Стојановски




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *