КУСА ИСТОРИЈА
Прага е главен и најголем град на Чешката Република. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава. Воедно, градот е главен град на Средночешкиот крај, а бил и главен град на поранешната државна формација Чехословачка. Toj е културен и економски центар на Чешка повеќе од 1.000 години. Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции, како и голем број други организации и компании.
За да ја достигне сегашната форма, градот се развививал цели 11 векови. Во моментов се протега на површина од 496 км² и брои 1,3 милиони жители. Прага е економски развиена и богата област со исклучително висок стандард на живеење. Според последните статистики, градот е шестиот најбогат регион во Европа.
Според многумина, градот е еден од најубавите во Европа и се наоѓа на листата на најпосетувани дестинации на стариот континет. Почнувајќи од 1992 година историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО.
ФОТОГРАФИИ ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ МЕСТА

Плоштадот Венцеслас

Национален театар

Мостовите над реката В’лтава

Карлов мост

Подземната железничка

Св. Витус
ВИДЕО-ПРОШЕТКА НИЗ УЛИЦИТЕ НА ПРАГА
Автор на оваа фантастична видео-разгледница е Еди Петер Хабсон.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!