Top
Плитвички Езера

Национален парк “Плитвички Езера” – бисерот на Хрватска

Природата била многу дарежлива кога ја создавала територијата на Хрватска. Ви претставуваме еден од најубавите пејзажи во светот кој го одзема здивот – Плитвичките Езера. Станува збор за првиот национален парк во Хрватска основан во 1949 година на површина од 296,85 километри квадратни, еден од 8-те најголеми во Хрватска. Се наоѓа во непосредна близина на патот кој ги поврзува Загреб и Далмација, поточно помеѓу планините Мала Капела и Плешивица. Од 1979 е под заштита на Унеско како природно светско наследство.
Паркот изобилува со водопади, има 16 езера, шуми и разновиден животински свет. Највисокиот водопад е 70 метри, додека пак езерата се познати специфична тиркизна боја. Плитвице е едно од ретките места каде секоја година се појавуваат нови водопади.

Во првите 6 месци од 2012 година го посетиле 344.313 туристи, а на 9 август 2012 поставен е рекорд по посетеност, 12.386 туристи.

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера

Плитвички Езера




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>