Top

„Nepal Times“ – Кус документарец за животот во Непал

Фотографот Џејмс Бејкер од Австралија бил во туристичка посета на Непал, каде успеал да сними одличен видео-материјал, од кој подоцна го реализирал овој кус документарен филм. Филмот е посветен на архитектурата, убавите пејзажи и животот на луѓето.

Nepal-Times-iLike-mk-2

КУСО ИНФО
Непал се наоѓа во Јужна Азија. Се граничи со Кина на север и со Индија на југ, исток и запад. Главен град е Катманду. По повеќевековно владеење на апсолутни монарси, во 1990 година е воведена уставна монархија. Сепак, монархот и по воведувањето на уставната монархија задржал голем дел од власта, поради што помеѓу населението се јави големо незадоволство, кое во 1996 година резултира со отпочнување на граѓанска војна во Непал. Од едната страна во војната се маоистичките бунтовници, а од другата приврзаниците на кралот. На 28 мај 2008 година Непал е прогласен за република, под новото уставно име Демократска Република Непал.

Непал има население од повеќе од 26 милиони луѓе, направен од над 40 различни раси и племиња. Непал е поделен на 5 развојни региони, 14 административни зони и 75 окрузи. На чело на секој округ стои извршен управник одговорен за јавниот ред и мир, како и за усогласување на работата на владините служби.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>