Top

Најатрактивни туристички дестинации оваа зима: Копаоник и Алпите

Експертите оваа зима ја оценуваат како најснежна во изминатите 10 години што несомнено оди во прилог на зимскиот туризам. Среќни се обете страни – и скијачите и туристичките агенции поради успешната зимска сезона.
Европските агенции, според заинтересираноста на љубителите на зимските спортови, велат дека хит дестинации оваа зима се Копаоник – Србија, како и Алпите – Италија и Франција.



Иако цените за зимување на Копаоник се прилично високи и сместувалиштата се за луѓе со подлабок џеб, сепак оваа зима во хотелите и хостелите се бара место повеќе. Дел од нив се букирани до месец мај. Веројатно ова ќе биде најуспешната сезона досега.” – изјавуваат од српската туристичка агенција “EuroJet”.

Исто така, Ливињо во Италија и атрактивните Три долини во Франција се на врвот на ранг листата оваа сезона.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *