Top
Ice-Castle-in-Utah-iLike-mk-F

Магичните замоци од лед во Јута се вистинска атракција за туристите

Во подножјето на планината Лун во Линколн се наоѓа замрзнат замок кој потсетува на оние кои ги гледавме во цртаните филмови на Дизни. Тој расте од земјата и всушност претставува множество од големи мразулци. Но, тие не настанале по природен пат, туку ги реализираше компанија „Ice Castles“ предводена од Брент Кристенсен. Првиот таков замок е издигнат во Јута, а постои уште еден во Колорадо.

Идејата се родила додека за неговите деца правел ледени тобогани и кули во дворот од семејната куќа. Наредната година експериментирал со коцки мраз, градејќи мало игло, а во текот на процесот случајно почнал да размислува за гигантските мразулци.

Брент вели:

Прво мислев да ги додадам како украс, но подоцна сфатив дека можам на некој начин да ги одгледувам.

На крај почнал да прави поголеми структури како привремени уметнички инсталации кои прераснувале во туристички атракции. Цената за изградбата на големите замоци од лед достигнувала сума од неколку десетици илјади долари, а посетителите плаќале од 8 до 10 долари за влез.

Процесот на нивна изградба почнува уште на есен, кога се поставуваат системи од прскалки. Потоа, веднаш штом залади, водата тече на метални прегради и создава илјадници мразулци. Целата инсталација внимателно се полева и во зависност од температурата и ветрот, може да добие различни неправилни форми.
За време на неколку недели, почнуваат да се добиваат тунели, премини и кули. А, мразулците ќе продолжат да растат во текот на сезоната, додека не почне да се топи мразот поради пораст на температурите некаде на пролет.

Ноќе замокот се осветлува со моќни ЛЕД светла со различни бои вградени во самиот мраз.

Одличните фотографии се дело на Сем Шолс.

2q12qIn

26aa1e50c71e64f71bcb72b8c4c9e672

Hdk1EPm

hSgUVEJ

hYmJo2S

Ice-Castles-by-Sam-Scholes-15

Ice-Castles-by-Sam-Scholes-19

IooWoYr

x4gW322




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *