Top
Himalaite-od-6096-matri-iLike-mk

Хималаи – Домот на снеговите снимен од над 6.000 метри

Продукцијата „Teton Gravity Research“ претстави досега невидено видео од Хималаите, во сопствена режија и комплетно самостојна реализација. Одлично опремениот тим успеа да сними видео-материјали со висока резолуција на надморска височина од над 6.000 метри.

Тимот кој работеше на снимањето на материјалот изјави:

Возбудливо е да го видиш Монт Еверес од еден друг агол и височина од околу 6.500 метри, која ја постигнавме благодарение на специјално опремените хилихоптери. Но, на таа височина, знаете, потребен ви е дополнителен извор на кислород.
Исто така, имавме среќа да снимаме во солидни временски услови и релативно стабилно време, па затоа снимките се кристално јасни и чисти.

КУСО ИНФО:
Хималаите се планински венец во Јужна Азија. На нив се наоѓа највисоката точка на планетата Земја – врвот Монт Еверест, висок 8850 метри. Хималаите се највисок планински венец во светот, но не се најдолги. Најдолги се Андите кои се протегаат од северниот дел на Јужна Америка, па до југот на Чиле и Аргентина.

Хималаите се протегаат од реката Инд на запад до Мјанмарско-Кинеската граница на исток – во должина од околу 2.500 километри и во широчина од околу 200-300 километри. Од југ се ограничени со Хиндустанската Низина во Индија, а од север со горниот тек на реката Инд и горниот тек на реката Брамапутра.

На Хималаите има 14 врвови повисоки од 8.000 метри. Тие претставуваат остра климатска граница меѓу монсунската клима во Индија и острата континентална планинска клима на Тибетската Висорамнина.

Настанале со набирање на слоевите, а имаат сложен геолошки состав од варовници, доломити, кристалести шкрилци, песок и др.

Во шумските региони на Хималаите се среќаваат разни животински видови, како што се: слонови, носорози, биволи, мајмуни, диви свињи, елени, тигри, диви кокошки, папагали итн. За високопланинските делови се карактеристични дивите кози, тибетските јакови, волците, хималајските мечки и други разни глодачи.

Хималаите се мошне значајни како пространства со голем енергетски потенцијал и голем речен пад. Потоа, како извор на вода од каде се хранат реките Инд, Ганг и Брамапутра, од кои во сушниот период зависи опстанокот на луѓето во густонаселениете низини.

Со своите високи врвови, Хималаите се препрека за телекомуникацискиот сегмент.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>