Top

Најубавите дестинации на Јадранот

Туристичката содржина на атрактивните места долж Јадранското крајбрежје, оваа година, е збогатенa со културни, забавни и модни манифестации и активности.



БУДВА
Ова лето, на малите улички на кои не се одвива автомобилски сообраќај се поставени симпатични тезги на кои можете да најдете сувенири, разгледници и накит. Освен големиот број клубови и кафетерии, Будва располага со преубави песочни плажи меѓу кои особено се издвојуваат Јаз, плажата во Бечичи и Могрен. Главна атракција е островот Св. Никола или уште попознат како Хаваи до кој се стига со чамец.

ХВАР
Важи за најсончев остров на целиот Јадран кој особено стана популарен за странските туристи последниве години. Голем број од јавните личности популарни во шоу-бизнис светот доаѓаат на островот со сопствените раскошни јахти. Во самиот град има неколку мали плажи, но поатрактивните и поубавите се вон градот и главно до нив се стига со мали бродчиња. Хвар е одлична дестинација за младата популација која сака забава и добра кујна.

АДА БОЈАНА
Ада Бојана е речен остров на крајот од Големата плажа. Островот важи за нудистичка оаза. Сезоната на Ада Бојана трае прилично долго, од април до ноември. Главни карактеристики се умерената медитеранска клима, околу 217 сончеви денови во текот на една година, ситен песок, школки и корали кои го чинат местото егзотично и мошне пријатно.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>