Top

Предлог дестинација: АНТАЛИЈА

Анталија (Antalya) е град на Средоземното Море во југозападна Турција. Градот освои трето место во светот за најпосетуван град по број на меѓународни посетители во 2011 година, веднаш после Њујорк. А, има и зошто. Располага со 220 хотели, од една па до пет ѕвездички, кои ќе ви овозможат совршена услуга и уживање. За гостопримството на турците нема потреба да зборуваме.



Kumluca и многуте заливите помеѓу Анталија и Finike се дом на некои од најпознатите одморалишта во Турција, како Kemer, Camyuva, Belek, Cirali и Adrasan. На овие заливи се наоѓаат најубавите плажи во Турција. Една од нив е Patara плажата која е една од најголемите и најубавите во близина на античкиот град Патара. Со 12 километри, Patara плажата е најдолга во овој регион, а на одредени места достигнува ширина од 200 до 300 метри. Плажата има мек песок и плитко море. Тоа е едно од местата каде морските желки ги несат своите јајца и токму поради тоа е под заштита.

Видео со сите погодности на плажата “Патара”:

Ако сте авантуристи, еве една работа без која не смеете да ја напуштите Турција: НУРКАЊЕ!
Tоплото време во Турција прави нуркањетo да е можно во текот на целата година, но сепак, сезоната почнува околу април, кога просечната температура на водата во Средоземното Море во близина на брегот изнесува 18°C. Врвот на сезоната е во август кога водата ќе достигне температура од 30°C. Анталија е едно од местата во кое можете да уживате во подводниот свет.

Кога сме веќе кај историјата, во Анталија има уште едно место кое треба да го посетите: Aspendos или Aspendus (грчки Άσπενδος) – антички грчко-римски град во Анталија.
Aspendos е познат по својот најдобро сочуван театар од антиката во целиот Медитеран. Со дијаметар од 96 метри, во театарот се предвидени 7.000 места за седење. Театарот бил изграден во 155 год п.н.е. од страна на грчката архитект Зенон, роден во градот, за време на владеењето на Марко Аврелиј. Тој бил периодично поправан од страна на Seljuqs, кој го користел како сарај, а во
13-от век сценската зграда била претворена во палата. Aspendos бил еден од најраните градови во кои се ковале монети. Во градот почнало издавањето на монетите околу 500 п.н.е., прво статери, а подоцна и драхми.

Покрај преубавите плажи, хотели и ресторани, нешто што ќе го привлече вашето внимание е богатото историско наследство. Едно од многуте места кои можете да ги посетите е Kaleici.
Kaleici е историски град – центар на Анталија. До модерните времиња, речиси целиот град бил ограничен во рамките на неговите ѕидови. Во него има градби кои датираат од Римската Империја, Византија, Селџуците, Отоманската и модерната турска Републиканска епоха. Областа Kaleici се наоѓа во централно-источниот дел на градот по должината на медитеранскиот брег од страна на пристаништето кое датира од римскиот период. Името Kaleici значи “Внатре во Кале” или “Внатрешно Кале” (терминот “Кале” значи замокот или тврдина).

И за крај, седум работи без кои не смеете да ја напуштите Анталија:

1. Посета на Музејот Анталија,
2. Одење по клисурата на Saklikent,
3. Гледањето на урнатините на Perge и Termessos,
4. Прошетка низ Kaleici и старите куќи во Анталија,
5. Да направите прекрасни фотографии во Akseki,
6. Да си купите тепих во Dosemalti и
7. Дегустација на локалните слатки и желеа.

После толку интересни активности кои можете да ги направите во Анталија, Ве покануваме да пронајдете уште позабавна активност или плажа и да ја споделите со нас.

Автор: odberipatuvanje.mk

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>