Top

Тоyota каква што не сме виделе до сега

Toyota ја покажа својата “мрачна” страна. Не се секирајте, не е ништо страшно само што ваков темен концепт оваа компанија нема извадено до сега. Како што претходно беше најавено, Toyota FT-86 II ја имаше својата премиера на денешното авто шоу во Женева. Јапонскиот производител изјави дека овој концепт е најблиску до производство од сите останати концепти за истото возило.

Под оклопот, 2011 Toyota FT-86 II ги содржи истите елементи како и својот претходник, вклучувајќи го и мотор кој беше развиен во соработка со Subaru.

Дизајнот на овој концепт е од типот на автомобили со мотор во предниот дел од автомобилот додека погонот е на задните тркала, со што би имале најголем бенефит од лесниот дизајн. Менувачот со шест брзини само уште повеќе ќе го нагласи спортскиот карактер што и така веќе го поседува овој модел.

Повеќе инфо и фотографии од мрачната Toyota.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>