Top
Mitsubishi Space Star

Mitsubishi Space Star со еко-награда во Франција

Веднаш после прогласувањето за најекономичен нехибриден автомобил во Америка и поставениот рекорд за потрошувачка од само 3,38 литри на 100 километри, Mitsubishi Space Star ја доби и наградата за најеколошки автомобил во Франција.

Признанието кое го доделуваат французите се однесува на заштита на животната средина за возила со мотор со внатрешно согорување, хибридни и електрични возила и лесни комерцијални возила.
Победникот во секоја категорија се избира преку мерење на емисијата на CO2, емисијата на азотни и емисијата на хидрокарбонатни соединенија. Признанието го однесе Space Star бидејќи неговиот бензински мотор емитува СО2 од само 92 грама на километар.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>