Top

Гангстерски Mercedes со интегрирани Apple инсталации

Брабус фрли око на мерцедес G63 amg, кој и онака беше многу посакуван а ретко поседуван. Од Брабус решија да го направат уште попосакуван, а и уште помалку поседуван. G63 и онака беше еден од најмоќните СУВ возила во светот со 5.5 литри V8 мотор и 540 коњски сили. Но, според некој тоа не е доволно. Секако пред сé купувачи за мерцедес G класа се гангстери, диктатори, шеици (ја сфаќате поентата нели?), а за нив важи правилото што поуникатно, поскапо и помоќно, толку подобро. Затоа Брабус од V8 моторот сега извлече 620 коњски сили и 820 Nm. Бидејки претходните тркала ја ограничуваа брзината сега Брабус постави масивни 23 инчни тркала. Цената не е позната, но тоа е најмалку важно.

Ако тоа не е доволно Dartz Motor претстави нова змиска варијанта на G-класата која ке има 24 инчни тркала со завршна обработка од злато, уникатен ентериер и толку ај-под инсталации колку што посакувате. Планирано е производство на само 12 примероци.

Дали имаме толку диктатори во светот?



Автор: Јовановски Горан

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *