Top

Како би изгледал BMW 5 кога би го правела италијанска модна куќа наместо авто дизајнер? Еве вака!

Италијанците отсекогаш биле познати по нивниот префинет вкус кога е во прашање стилот, а Trussardi е една од нивните модни куќи која помогнала да се креира таа слика. По повод прославата на 100 годишнината од постоењето на Trussardi – тие денеска ја објавија лимитираната серија на BMW 5 Series GT. Базирана е на BMW 530d xDrive верзијата од овој модел и доаѓа со серија од разни надградби на стајлингот, и за ентериерот и кога е екстериерот во прашање.

Инспирацијата за новата верзија доаѓа од светот на кожата, што претставува иницијален бизнис на оваа италијанска модна куќа.

Бојата на екстериерот на BMW 5 Series GT Trussardi е хералдичко кафена, пропратена со мат темно-сиви акценти околу предниот отвор за воздух.

BMW 5 Series GT Trussardi е поставен на уникатни 20 инчни бандажи и го носи логото на брендот на предниот браник. За ентериерот на оваа лимитирана верзија, Trussardi избрале беж кожна таписерија, со контрастни шевови, кои го содржат логото на разни места низ внатрешноста.

Еве како би изгледал кога би го правела италијанска модна куќа наместо авто дизајнер.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>