Top
indian-astro-iLike-mk

Дознајте кој знак сте во индијанскиот хороскоп

Индијанците важат за одлични претскажувачи на судбината. Дознајте кој знак сте во индијанскиот астролошки систем, кои се вашите карактеристики и која е вашата судбина.

СОКОЛ (21.03 – 19.04)
Соколот е симбол за независност и слобода, секогаш спремен за акција и авантура. Тој секогаш се издвојува од другите поради својот изразен карактер, поради што често можете да го најдете како водач или организатор и иницијатор на големи настани.

ДАБАР (20.04 – 20.05)
Дабарот е упорен, стабилен и издржлив, а тоа доаѓа од неговата вечна потреба за удобност. Тој исто така сака да се чувствува сигурен, а поради тоа е подготвен трпеливо да чека за нешто долго време сè додека не го добие.

ЕЛЕН (21.05 – 20.06)
Еленот е доста силен знак, па поради тоа е секогаш активен. Елените се секогаш под штрек, што ги прави неуморни, а со нивната добрина се надеваат дека можат светот да го направат подобро место за живеење. Тие се многу креативни, ги краси огромна волја и се секогаш подготвени да му помогнат на другиот.

КЛУКАЈДРВЕЦ (21.06 – 21.07)
Сè што прави овој знак го прави за семејството и за својот дом, бидејќи е многу приврзан за нив. Поради тоа е и многу емотивен и сака да живее во вечна хармонија, бидејќи има проблем со промени во расположението. Освен тоа, родените во овој знак имаат огромна фантазија.

ЛОСОС (22.07 – 21.08)
Родените во овој знак секогаш се борат за себе и покажуваат голема страст кога го прават тоа што го сакаат. Во друштво секогаш се лидери и борци, а знаат да направат и стратегија како да ги поминат препреките, а во исто време да не се служат со подлост, туку да останат достоинствени.

МЕЧКА (22.08 – 21.09)
Мечките се доста силни, но исто така и плашливи, поради што имаат потреба секогаш да се во организирана средина. Не сакаат непредвидливост, бидејќи се плашат од сите опасности. Освен тоа, тие се и многу практични и имаат чувство за детали.

ГАВРАН (22.09 – 22.10)
Родените на овој знак на прв поглед изгледаат застрашувачки, што до некаде е и оправдано, поради големата сила и волја која ја поседуваат. Тие се исто така строги, но се и пријателски настроени бидејќи не сакаат да бидат сами. Тие се добри дипломати, но недостаток е што понекогаш се несигурни и недоследни, а поради тоа можат да изгубат многу во животот.

ЗМИЈА (23.10 – 22.11)
Змијата е доста мистериозно животно, чиј приоритет е опстанокот. Змиите имаат развиена интуиција, а молчењето им помага добро да расудуваат и имаат способност да ја анализираат човечката душа. Тие се доста реални и имаат развиена самоконтрола.

БУВ (23.11 – 21.12)
Добро познато е дека Бувот е симбол на мудроста и знаењето. Родените во овој знак секогаш гледаат во иднината и незадоволството од сегашноста и нивните идеали ги тераат секогаш да одат напред. Освен тоа, тие се спонтани и амбициозни, љубопитни и имаат верба во луѓето.

ГУСКА (22.12 – 19.01)
Гуските се добро познати по упорноста и нападите од кои никој не може да се одбрани. Тие сакаат да се натпреваруваат, а животните планови секогаш ги остваруваат. Не им е многу гајле за другите луѓе, па способни се да „прегазат“ некого, само за да стигнат до целта, а секогаш стигнуваат далеку. Поради тоа, тие секогаш се независни и не се приврзуваат многу со луѓето. Сепак, за луѓето кои ги сакаат, би дале сè.

ВИДРА (20.02 – 18.02)
Видрите се доста слободни, а понекогаш и наивни знаци. Ги сакаат луѓето, а слободата која ја имаат секогаш ги дарува со неуништива креативност. Освен тоа, тие се многу паметни и интелигентни, поради што имаат доста големи идеали, кон кои секогаш се стремат да ги остварат. И покрај друштвеноста која ги карактеризира, тие сепак често изгледаат отсутни, бидејќи се понапред од другите.

ВОЛК (19.02 – 20.03)
Волкот е сигурен само кога е со други, а додека е сам е плашлив и чувствителен. Родените во овој знак се секогаш поврзани со другите луѓе, бидејќи зависат од нив, и поради тоа се многу емпатични и секогаш сакаат да помогнат. Цел во животот им е да ја пронајдат вистинската љубов и никогаш да не се разделат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>