Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (16.01.2020)

Овен
Причината за доброто расположение ќе ја најдете во заљубеноста. Уживате во случувањата што се одвиваат на тоа поле за кои морате да донесете битни одлуки. Со партнерот сте во феноменални односи и ништо друго не ви е важно. Преплавени сте со позитивни чувства.

Бик
Друштвени сте и одлично функционирате во кругот на пријателите. Настојувате да се дружите со истомисленици, уметници. Многумина од вас се подготвени за јавен настап или за нова врска. Се е поврзано со убавината и со љубовта, уживајте додека можете.

Близнаци
Влезете во срцевината на проблемите и решете ги со сета сила. Постојано се пресметувате, мозокот ви е вклучен, но незадоволни сте. Пожелно е да се потрудите да се смирите, да ги намалите обврските и нервирањето.

Рак
Околината бара од вас нешто што не ве интересира. Сакате прво да си угодите себеси, но вешто го прикривате тоа, уживате кога манипулирате со луѓето. Потребно ви е релаксирање, затоа дружете се со истомисленици. Немате ниту нерви ниту време да се занимавате со глупости.

Лав
Доколку се чувствувате измамено, знајте дека самите сте виновни. Премногу инвестиравте во односите со околината, идеализирајќи ги луѓето околу себе. Чувајте се од загуба на материјално поле, насочете се кон духовните вредности.

Девица
Вложувате голема сила и постигнувате завидни резултати. Свесни сте за проблемите што треба да ги решите, затоа и постигнувате успех. Не претерувајте со работата, може да потрошите повеќе енергија отколку што имате. Чувајте се од нервоза и повреди.

Терезија
Ви претстојат убави случувања и работи што ги сакате. Никогаш не се досадувате, опкружени сте во вистинските луѓе. Среќата ви ја дополнуваат партнерот и домашните. Децата се оние што ви причинуваат радост. Занимавајте се со уметност.

Скорпија
Работите се случуваат молскавично, а тоа ви одговара. Финансиската ситуација се подобрува, а може и да очекувате признание од шефот. Донесете одлука за животниот пат и достоинствено следете го. Непријатните случувања се зад вас.

Стрелец
Оптимистички им приоѓате на проблемите, а тоа ќе влијае на вашето добро расположение. Планетите ве поддржуваат, а резултат на тоа е професионалниот успех. Планирате патување кое ќе ве ослободи од неврозата.

Јарец
Си задавате премногу обврски, а ги прифаќате туѓите. Очигледно уживате да се малтретирате. Уморни сте, конфликтни и нервозни. Научете да се контролирате себеси и сопствените проблеми, ќе бидете смирени и задоволни.

Водолија
Сакате се да завршите набрзина. Среќни сте и не се трудите да го прикриете тоа. Уживате во популарноста, заљубеноста и емотивното задоволство. Планирате венчавка и поднова. Не жалете се, имате причина да се чувствувате добро.

Риби
Врската во која се наоѓате е заснована на физичка привлечност. Сите постапки ви извираат од страстите, па можни се разочарувања. Доколку почувствувате недефинирани болки во стомакот, тогаш станува збор за слепо црево.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *