Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за недела (14.10.2018)

Овен
Доколку ја сфативте ситуацијата и од неа извлековте поука, ќе бидете успешни на сите полиња. Семејството ве поддржува во се’. Бидете мудри, помалку лукави, па со минимален напор ќе успеете да постигнете максимум.

Бик
Инспирирани сте од потребата за љубов, уметнички сте расположени, ведри сте и задоволни. Морате да ја искористите огромната количина на креативна енергија на адекватен начин. Тешко е да се одолее на вашиот шарм.

Близнаци
Оние припадници кои се романтично расположени ги очекува успешен и креативен ден. Но покрај тоа ќе бидете растргнати меѓу желбите и можностите. Покрај се’ може да бидете смирени, ве очекува љубовна хармонија.

Рак
Исклучително успешен ден каде што акцентот го ставате на разните видови на соработка. Она што треба да го избегнувате е осаменоста. Ви одговара дружење со некој припадник на знакот Риби, па затоа и настојувате што повеќе време да поминувате со него/неа.

Лав
Полни сте со сила и желба да решите големи проблеми. Не влегувајте во конфликти со партнерот, од нив може да излезете како повредена страна. Бидете внимателни во сообраќајот. Зголемениот прилив на енергија искористете го на адекватен начин.

Девица
Партнерот не ве слуша и ве вади од контрола. Но, бидејќи се’ што е лошо има и добра страна, од истата ситуација може да извлечете некоја корист. Најважно од се’ е тоа што ќе се чувствувате слободно. Никој и ништо нема да ве запре во намерите.

Tерезија
Вашата смисла за убавина денес е во прв план. Подготвени сте на компромиси, а ќе бидете и емотивно задоволни. Премногу сте достоинствени, понекогаш треба и да ја наведнете главата. Како и да е, ве очекува голема сума на пари.

Скорпија
Сакате да работите повеќе работи истовремено. Ќе успеете да се фокусирате со подеднакво внимание на се’ што сте почнале. Со еден збор – идеални сте. Романтичните претставници може да почнат со пишување поезија.

Стрелец
Тешко доаѓате до се’ што сте наумиле. Причини за песимизам има колку сакате, а главната се однесува на здравјето кое не е сјајно. Не грижете се, се’ успешно ќе се заврши. Младите припадници ќе се чувствуваат исцрпено, па затоа добро ќе ви дојде одмор.

Jарец
И покрај тоа што ситуацијата бара активност, растргнати сте меѓу желбите и можностите. Треба да ги следите сопствените способности и да не се преценувате. Ве оптоваруваат лагите со кои сте опкружени. Доколку се занимавате со приватен бизнис, може да бидете измамени.

Водолија
Исклучително успешен ден за сите оние кои се занимаваат со уметност и живеат во светот на имагинациите, а лош за практичните припадници на знакот. Бидете внимателни, може лошо да влијаете на околината. Можни се напади на нервоза.

Риби
Уметнички сте ориентирани, а смислата за хармонија и ритам е нагласена. Сите овие причини се „виновни“ за вашето добро расположение. Искористете го шармот ако сакате да имате поголемо влијание на околината. Потрудете се да разговарате со партнерот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>