Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (20.10.2022)

Овен
Во одлична форма сте. Планетите ве штитат на тој начин што ви испраќаат позитивна енергија и случувања. Внимавајте да не се активирате и да ја пропуштите добрата шанса. На работата не можете да се пожалите. Имате премногу обврски и тоа во време кога не е сезона за тоа. Но, ќе заработите добра сума и ќе почнете нови проекти.

Бик
Наредните денови може да донесете непромислени одлуки и да одите со глава низ ѕид. Најлошо од се’ е што околината има последици од вашето непромислено однесување. Соработниците тешко го следат вашето темпо. Амбициозни сте и растрчани на сите страни. Избегнувајте конфликтни ситуации со колегите.

Близнаци
Уморни сте од забави и од работа. Оваа недела малку ќе здивнете и ќе се ослободите од тензиите. Креативноста ви е нагласена, па успех ќе имате во сите области поврзани со уметноста. Пишувајте и занимавајте се со филозофски теми. Проблемите со несоницата се последица на вознемиреноста и склоноста кон фантазирање. Покрај креветот ставете ја омилена книга. Така полесно ќе ја надминете кризата.

Рак
Се наоѓате пред важни промени. Не ви е лесно, бидејќи по природа сте личност што не сака да го менува начинот на живот. Многу околности укажуваат на тоа. Деловната ситуација не е на завидно ниво. Парите никогаш не ви се доволни, па очајно размислувате за дополнителен извор на приходи.

Лав
Чувствителни сте на влијанието на околината, па се дистанцирате од се’ што ве оптоварува. Ве очекува успех во работата поврзана со јавноста, медиумските односи, дипломатијата. Се двоумите во врска со донесувањето некоја одлука. Проблемите со крвниот притисок се поврзани со слабата функција на бубрезите.

Девица
Како и секогаш, така и овие денови ќе бидете во ситуација да повлекувате правилни потези и да донесувате успешни заклучоци. Занимавајте се со работа поврзана за договори, учење и се’ што има врска со јавноста. Успехот е очигледен. Можни се проблеми со бубрезите, инфекција или нешто посериозно.

Терезија
Промените се природен тек на околностите. Може наеднаш настанале, па поради тоа ви е тешко. Не сте расположени за работа. Ви одговара работа поврзана со уметност и со комуникација. Здравствената состојба не е задоволителна. Депресијата ве плаши, но на погрешен начин. Наместо да стравувате, посетете лекар. Многумина од вас се пред раскинување на емотивната врска или пред расчистување.

Скорпија
Пред вас се драстични промени. Мора да бидете смирени, за да не предизвикате нешто со фатални последици поради непромислени постапки, што подоцна тешко ќе можете да ги поправите. Размислувате за промена на работното место. Со соработниците сте на различна позиција, па расправиите се нормална појава.

Стрелец
Одличен период за припадниците на овој огнен знак. Се’ што наумиле лесно ќе остварат. Благодарение на мудрите потези правите чуда. Успехот е неминовен, особено што се однесува на финансиската ситуација. Не стравувајте однапред. Здравствените проблеми се последица на стрес. Во љубовта сте мирни како бубачки.

Јарец
Пред вас е исклучително активен и комуникативен период. Се’ се одвива според планот. Некои проблеми сте ги надминале. Обидете се работата да ја завршите побрзо. Почнувате повеќе работи истовремено, а ниту една не завршувате. Здравствената ситуација ви е добра. На моменти депресијата може да го влоши расположението, но за среќа тоа е минливо.

Водолија
Сонувате со отворени очи. Фантазијата до таа мера е изразена што лесно може да застраните. Кога половина од тоа би се остварило би било добро. Се обидувате поголемиот дел од вашите обврски да ги префрлите на соработниците. Не сте во форма кога станува збор за работа. Една од причините е што емотивно сте преокупирани.

Риби
Бидејќи немате храброст отворено да се релаксирате сонувате за некои случувања. Збунети сте и се сомневате. Размислувате на погрешен начин. Инспирацијата одлично ве служи. Не дозволувајте лежерноста да победи. Искористете ја интуицијата за да им помогнете на сите на кои им е потребна ваша помош. Здравствената состојба не е лоша.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>