Иако хартијата не е идеалниот материјал кој би се употребил за обликување на просторот, сепак преку овие фотографии ќе заклучите дека е одличен начин за прикажување на урбаната џунгла која е присутна во градовите. Ingrid Siliakus е артистка од Холандија која ги изработи овие извонредни дела, дел од нејзината серија ‘Архитектура од хартија’. Некои од нив се реални прикази на градовите, додека други се со апстрактен карактер, со превртени скали и слични детали.
Интересно е тоа што некои од нив можат и да се склопуваат како сликовниците со кои си игравте како мали, така што добиваат подинамичен карактер. Ако го посетувате Амстердам, изложбата трае до 29 Февруари, па искористете ја шансата.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!