Во пресрет на празниците кои ни доаѓаат, секој сака да ја внесе празничната магија во својот дом. Како дополнување, може да си направите украсни елкички во разни бои.
Потребни материјали:
– тенка иверица
– линијар
– молив
– темперни или акрилни бои
– четка за боја
– скалпел
Инструкции:
Најпрво со помош на линијар и молив нацртајте елки на парчињата иверица. За една елкичка ви се потребни 2 парчиња. На едното парче треба да направите тенка вдлабнатина од врвот кон средината, а на другото парче треба да направите вдлабнатина од средината кон дното. Обојте ги парчињата со боја и потоа наместете ги. Освен овие бои, можете да користите и спреј.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!