Top
Proektor-od-vasiot-smartphone-iLike-mk-F

Направете домашен проектор со помош на вашиот смартфон

Бидејќи слајд-проекторите се гломазни и застарени, а дигиталните проектори чинат многу, ние во рамки на категоријата „Направи сам“, ќе ви покажеме како вашиот телефон да го претворите во проектор.

Проектот е лесен за изработка и мошне интересен. И нема да ви одземе многу време.

Работи кои ви се потребни:

  • Празна кутија од чевли
  • Лупа
  • Изолир
  • Спајалица
  • Скалпел
  • Молив
  • Смарт телефон

Proektor-od-vasiot-smartphone-iLike-mk-001

ЧЕКОР 1: Кутијата за чевли е првиот елемент кој ќе ви послужи за изработка на домашниот проектор. Доколку внатрешноста на кутијата е со светла боја, тогаш бојадисајте ја црна бидејќи само така ќе го добиете посакуваниот ефект. Кога кутијата ќе ја подготвите, на нејзиниот страничен дел обележете круг во големина на лупата.

Proektor-od-vasiot-smartphone-iLike-mk-003

ЧЕКОР 2: Исечете ја кутијата внимателно, точно колку големината на лупата.

Proektor-od-vasiot-smartphone-iLike-mk-002

ЧЕКОР 3: Доколку  лупата има рачка, отстранете ја. Залепете ја лупата внимателно околу целиот раб. Осигурајте се дека леќата е добро залепена и дека нема дупчиња помеѓу неа и кутијата од кои би се пропуштала светлина.

Proektor-od-vasiot-smartphone-iLike-mk-004

ЧЕКОР 4: Направете го држачот за вашиот мобилен телефон.

Proektor-od-vasiot-smartphone-iLike-mk-005

ЧЕКОР 5: Кога светлината минува низ леќата таа се превртува. Па, затоа потребно е да го ротирате екранот на вашиот мобилен. На пример: за iPhone одете во Settings > General > Accessibility и вклучете AssistiveTouch.

Proektor-od-vasiot-smartphone-iLike-mk-006

ЧЕКОР 6: За да го најдете фокусот потребно е мобилниот телефон да го придвижувате нанапред или наназад, сè додека сликата не се подеси перфектно во фокусот.

Proektor-od-vasiot-smartphone-iLike-mk-007

Уживајте во вашата креативност и успешност!

Автор: Богољуб Кујунџиќ




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *