Просторот во кој живееме, можеме многу лесно да го оплемениме со помош на едноставни детали, а за тоа нѝ се потребни само малку труд и фантазија. Погледнете како можете во само неколку чекори да го промените белиот абажур и да добиете потполно нов. Следниве материјали ви се потребни за реализација на овој проект: ножици, лепак и картон во црна боја од кој ќе направите згради со различни големини и ќе ги залепите во внатрешниот дел на абажурот. Со добра желба и малку време ќе го направите овој интересен детал кој ќе даде потполно нова естетска вредност на старата столна ламба.
Автор: Богољуб Кујунџиќ
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!