Top

Заведување

Аманда Квик е една од писателките од кои ќе прочитате една книга и потоа ќе ги прочитате сите книги од неа. Дефинитивно котира високо на листата на моите омилени писателки на “женска” литература.

Дејството во книгава се одвива во стара Англија. Време во кое уште постојат грофови, лордови и налудничави двобои за да се одбрани честа. Младата Софи Доринг е нашата хероина. Далеку од софистицирана (секогаш шапката ѝ е накривена или фустанот ѝ е изместен) но образована е, горда и сигурна со тоа што го сака. Своето слободно време го поминува читајќи книги, кои во тоа време се сметале за револуционерни, книги за правата на жените и борбата за да се добијат истите.

Иако Софи е убава и паметна, таа е многу тврдоглава и решена по секоја цена да го најде убиецот на нејзината сестра, кој ја завел а потоа ја убил. Единствена трага е прстенот на сестра ѝ, кој е подарок од кој човек кој Софи планира да го најде и да го уништи. Затоа таа ја одбива брачната понудата на грофот Џулијан Ревенвуд. Грофот е згоден, преубав и паметен вдовец, чија претходна жена го убила животот во него. Таа го довела до повеќе незгоди, но после третиот двобој за нејзината чест Џулијан сфатил дека тој нема што да брани, неговата жена нема чест.

По нејзината смрт не помислува на љубов, но потребата од наследник ќе го натера повторно да се жени. Затоа одбивањето на Софи да се омажи за него ќе го запрепасти, таа го одбива него? “Најдобрата прилика што таа би можела да ја добие”? По оваа вест тој е решен да ги открие причините за тоа и по секоја цена да ја земе да жена. Софи поставува некои налудничави барања, но тоа што ќе ја импресионира е неговото прифаќање и додавање на некои свои, уште полуди идеи. Така паѓа одлуката за склопување на брак под 3 услови: да не ја присилува веднаш да го делат брачниот кревет, да ни ѝ се меша во одлуката што ќе чита и да може да ги контролира неговите финансии.

Софи се надева дека Џулијан ќе се вљуби во неа, но и дека ќе го најде убиецот на сестра си. Дали нејзините желби ќе се оставарат? Дали Џулијан ќе успее да доживее вистинска љубов и дали ќе успее да ја задржи? Книга која се чита во еден здив и која нема да сакате да ја оставите… Ќе мечтаете за само уште неколку страни, но евентуално ќе мора да ги оставите ликовите да си продолжат со својот живот, а вие во вашиот.

Статијата ја напиша: Ики | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




1 Коментар

  • Фросина вели:

    Би ја замолила авторката на текстот да не се осврнува на Аманда Квик како на писател на женска литература. Во оваа генерализација треба да се земе во предвид дека има невини човечки суштества од женски пол, кои се навредени од самата помисла да им се допаѓа овој тип на литература. Фала однапред.

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *