Top

Затоа што те љубам

Не сме ние тие кои ги зборуваме зборовите. Зборовите се тие кои зборуваат за нас!!!

Мојата статија ќе ја започнам токму со овој афоризам. Понекогаш доволни се само зборови, или пак дела за да нѝ покажат нам, а и на другите кои сме ние всушност.

Дали сме оние борбени и истрајни луѓе кои се спремни да поминат низ секоја пречка за да го вкусат задоволството, среќата и успехот во животот, или пак луѓе кои ќе се скршат на првата пречка и ќе ја загубат својата самодоверба и желба за понатаму?

Како малата Лајла успеа да ги спои сите ликови во книгата? Како нејзиното исчезнување влијаеше врз сите нив? Колку далеку тие отишле за да ја зачуваат надежта за љубовта?

Лајла е петгодишно девојче кое мистериозно исчезнала и за кое немало трага цели пет години. По пет години таа се појавува повторно, но дали нејзиното појавување е случајно или носи некаква порака? Колку животот на сите ликови ќе биде променет заради малото девојче? Дали тие имаат нешто заедничко? Дали е полесно да се прифати реалноста или пак, некогаш полесно е да живееме во илузија? До каде е спремен човековиот изум да оди за да го спаси човештвото?

Не би сакала да ви откривам ништо детално за ова дело. Делото само по себе зборува само доколку го прочитате. Секој дел предизвикува нов интерес кај читателот. Нема да ви дозволи ниту да трепнете. Секој завршеток на еден дел ве провоцира да продолжите да го читате и следниот.

Оваа драма постојано ве вовлекува во мистеријата и ве држи во неизвесност. Ова е книга која невозможно е лесно да ја заборавите.

Статијата ја напиша: Милка | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




6 Коментари

  • Sabina вели:

    Ја имам прочитано. Книгата е прекрасна, мистериозна и истовремено остава без здив! Невозможно е кога ќе ја почнете да ја оставите. Ве држи во неизвесност се до самиот крај. Се согласувам дека ова е книга која е невозможно лесно да се заборави. Нема личност на која и ја немам спомнато книгава.

  • Anastazija Balkanska вели:

    Ovaa e prekrasna no i vtoriot del..”A potoa”….

  • Ljubica Manevska вели:

    Preubava drama. Koga ke se pocne, ne se ostava do poslednata stranica…..

  • Johana Hanii вели:

    Znaci knigava vcera ja procitav :) Nemozes da ja ostavis bez da ja procitas :) Sakas da znaes sto ponatamu :)) Preubava e :) Edna od mojte najomileni :)
    isto ke vi ja preporacam da ja citate Na krajot na vinozitoto :) Preubava kniga koja ve ostava bez zdiv :) :P
    Ovaa kniga ukazuva deka vistinskata ljubov nikogas ne umira:)
    Pozdrav i se najubavo

  • Bisera Andjelovic вели:

    Imam procitano 5 knigi od nego i site mu se odlicni :)

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *