Top

ВАМПИРСКИТЕ ДНЕВНИЦИ: Бесот

Елена Гилберт и тоа утро се разбуди како и секој друг ден, со отварање на очите… меѓутоа, нешто беше поинаку… не, таа не се разбуди во својот удобен кревет во својата соба. И не, таа никако не беше своја, затоа што вистинската Елена никогаш не би го избрала Дејмон Салваторе, затоа што таа всушност го љуби неговиот брат, Стефан Салваторе.

Што се случува со Елена? Се разбира, таа се буди како вампир откако излета од мостот во реката со колата на Мет Ханикат. Третата книга од оригиналната трилогија Вампирските дневници на извонредно готската Л. Џ. Смит повторно води во мрачниот свет на вампирите, и Елена Гилберт, која сега самата треба да се прилагоди на сопствениот вампиризам, затоа што некој очигледно ја претворил.

Повторно растргната меѓу привлечната сила која ја влече кон Дејмон поради крвта која ја имаат разменето, и љубовта кон неговиот брат Стефан, Елена ќе мора да го направи последниот избор, кој може фатално да се одрази врз нејзиниот живот, и мистеријата со која е обвиена смртта на Кетрин фон Шварцчајлд.

Објавени за првпат во почетокот на деведесетите години од минатиот век, Вампирските дневници денес го наоѓаат своето место меѓу ѕвездите, благодарение на истоимената хит серија која се прикажува на CW.

Крај кој остава без здив, хорор од кој задолжително ќе ви се крене косата на главата!

Статијата ја напиша: Timijan | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




4 Коментари

  • Sandra Najdanovska вели:

    Gi imam procitano site 6 knigi sto se izlezeni do sega i navistina se interesni i te ostavaat vo neizvesnost do samiot kraj. Sepak mislam deka ima nekoi preteruvanja vo vrska so odvivanjeto na nastanite, no kako poinaku nekoj ke napise 7 knigi bazirani na istata prikazna no dokolku sakate da izbegate od sekojdnevnite slucuvanja i ako sakate da procitate nesto nevoobicaeno, ovie knigi se vistinskiot izbor. Edvaj cekam da izleze 7-mata kniga a toa e vo sredinata na mart ovaa godina….

    Serijata e potpolno razlicna od knigite. Samo osnovnata prikazna e ista kako i pogolemiot del od likovite.

    • Милош Стојковиќ вели:

      Здраво Сандраа саам да те прашам каде моќам да ги купам книгите затоа што јас моментално сум ипседнат со Vampire Diaries и неможам да одолеам…е може ли во најбарз рок да ми пишеш ….може и на ФБ
      мишо стојковиќ …можеш слободно да ме аднеш :)

      • Sandra Najdanovska вели:

        lele ne da kasnam da ne recam godina i pol…..gi nemam kupeno knigite, citam na angliski i gi najdov vo elektronska forma. mislam i deka gi nema prevedeno na makedonski.

    • emma вели:

      zdravo..te molam kazi mi od kade da gi najdam i jas knigite oti go svrtiv celo skopje i nikade gi nema :S

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *