Top

Страници за нашата љубов

„Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно.“

Да ги оставиме зборовите од корицата на овој сајт бидејќи нив можете да ги прочитате на самата книга, а и на сите други веб страни за продажба на книги, форуми итн. Да разговараме за книгата. Нема некој кој не ја прочитал претпоставувам. Нема некој кој не го гледал филмот исто така претпоставувам. Најважно од сè е што не претпоставувам туку знам со сигурност дека секој оној кој ја прочитал книгата или го гледал филмот, не може да рече дека не се прекрасни и двете.

Ова е љубовна приказна која се создава еднаш на 10 години, а погодува 10 од 10 луѓе кои ја прочитале. Да не заборавиме секако кој е авторот на оваа книга, па тоа Николас Спаркс, човекот кој нема напишано лоша книга во својата кариера, човекот кој во секоја од своите книги го создава совршениот маж кој секоја жена би го посакала.

Страници за нашата љубов е приказна за љубовта која не знае за години, за препреки, за болести… Ова е приказна која ме натера да липам како мало дете кога ја читав книгата, кога го гледав филмот прв пат, кога го гледав втор пат и секој следен пат после тоа. Ова е приказна која ни покажува каква треба да биде вистинската љубов, која ни покажува до каде оди оној кој вистински љуби.

Нема да ја препорачам оваа книга, срамота е да го направам тоа, едноставно ќе Ве прашам Дали ја прочитавте? Доколку Вашиот одговор е НЕ, тогаш Ви наредувам, значи наредувам да ја прочитате.


Статијата ја напиша: Ивана Николовска
Извор: sakamknigi.mk




3 Коментари

  • Кристина Цикарска вели:

    Bi sakala da ja procitam :))

  • Марија Соколова вели:

    Значи мојот најдраг писател Николас Спаркс секогаш знае да пренеси чувства и моменти преку зборови..Како што пишала во статијата Ивана Н.,Николас е маж кој секоја жена го посакува :)

  • vesna ilik вели:

    bi sakala da ja procitam knigava

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *