Top

Бадем

40 годишна жена под псевдоним Неџма ја напишала оваа книга… А згора на сè уште и арапкиња?! Јас бев збунета и засрамена од самото читање на оваа книга. Класифицирана е како еротска светска литература, но за мене беше како гледање на некој порно филм…

Книга за едно неверојатно сведоштво: Арапкињата Неџма решила да го прекрши сексуалниот табу и законот на тишината за да ја раскаже својата приказна – за средбата со еден страствен, префинет маж што и ја открил убавината на безграничната љубов, огнена и длабоко сензуална.

Оваа исповест – убава, вознемирувачка и понекогаш сурова – навистина претставува пресрет во табу темите на Блискиот исток и е од огромно значење.

За прв пат една муслиманка слободно се изразува за својата интима и ја отвара внатрешноста на својата душа.

Оваа книга претставува и политички чин со кој арапската жена повторно го освојува правото на глас за сопствената сексуалност.

Ова е една дефинитивно уникатна изјава на љубов и бес, но не би сакала да дознаам што може да ѝ се случи доколку се дознае вистинското име кое стои позади псевдонимот Неџма. Барем не во нивната земја и со таа култура…

Статијата ја напиша: Ивана Николовска | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>