Top

СИДАРТА – Херман Хесе

Сидарта претставува ремек – дело на авторот Херман Хесе. Во оваа книга Хесе ни ја открива вистината и смислата на постоењето – постоењето како постојана промена и обнова. Преку која ги изразува своите основни погледи кон животот и светот.

Во оваа книга Херман Хесе нѝ раскажува “индиска приказна“ односно приказна за Сидарта, убав син на угледен индиски браман, кој растел во угоден и богат живот, учел од најдобрите будистички учители, кој дури и слушал директно од устата на Возвишениот Готама, Буда. Еден ден кога созреало во него сознанието за животот, кога сфатил дека секој човек има свој живот, своја личност и свој пат, решил да напушти сè што имал и научил до тогаш, и заминал во шумата каде што владеел Буда.

Но Сидарта не бил задоволен ниту од неговото учење, бидејќи бил свесен дека ни ед но друго учење нема да го привлече. Напуштајќи го и Возвишниот, Сидарта во себе ќе си рече: “Оној кој вистински бара, вистински сака да го најде патот, не може да прими никакво учење. Но, оној кој го нашол, тој може да го одобрува секое учење, секоја цел, него ништо повеќе не го одделува од илјадните други, кои живееле во духот на вечното, во духот на божјото.“…  Сидарта тргнува по својот пат.. и од тука започнува книгата..

Вреди да се прочита оваа книга, ако ништо друго во еден момент ќе ви помогне да оставите се, да бидете свои и да тргнете по својот пат…

Статијата ја напиша: ayla
Извор: sakamknigi.mk




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *