Шангај Бејби е прв и воедно најпровокативно и најконтроверзно дело на авторката Веј Хуи, светски хит преведен на осумнаесет јазици ширум светот.
Изразито експлицитно еротски полу-автобиографски роман кој по објавувањето во 1999 година беше забранет во Кина заради провокативните еротски содржини и копии од книгата билe јавно спалени, но сето тоа уште повеќе ја зголемило популарноста на авторката и секако популарноста на нејзината книга…
Во 2007 година, по позитивните критики и бараноста на романот од страна на читателите, за романот е направен филм, во режија на Berengar Pfahl и глуми кинеската актерка Bai Линг во главната улога на Коко, растргнатa помеѓу нејзините двајца љубовници, и маченa од страна на нејзиниот измама, нејзиниот недовршен роман и конфликтните чувства кои се вклучени во љубовта, страста и неверството, Коко се обидува да сфати која е таа и што сака од животот…
… Шангај Бејби – Вистинска приказна за љубовта, страста и самознапознавањето…
Книга која морате да ја прочитате…
Статијата ја напиша: Марија Најдановска | Извор: sakamknigi.mk
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Pozelno e da ja procitate, Prikazna za strasta i ljubovta vo edno vreme…..