Top

Подарок книга “Рајот може да почека”, најдобриот подарок за Денот на вљубените

„Што би правел јас без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице како да е од стакло и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен од ова. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва…

Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден…Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден. Она што најмногу ја мачи е тоа што пред да умре, таа беше лута и кога тој рече Те сакам, Луси Браун… таа не рече ништо!

Уште несвесна за она што се случува, Луси се буди во предворјето - заглавена на пат помеѓу земјата и рајот. Не, ова не смееше да ѝ се случи на неа! Па утре требаше да биде најсреќниот ден во нејзиниот живот. Таа не бараше премногу од проклетиот живот, таа бараше само да биде со човекот што го љуби и Господ реши дека на тоа треба да му се стави крај. И како да не е доволно лошо тоа што е мртва, зарем мораше да умре без да му каже дека и таа го сака него?! Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере… Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму… или… сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака… Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!

Е сега, знам, си велите, чекај, чекај, каква е оваа книга?! Кој жанр е ова? Да признаам и мене ми е тешко да го дефинирам, но можам да ви гарантирам дека ќе се смеете, потоа ќе плачете, ќе речете дека е драма, ќе речете дека е комедија, ќе речете дека е научна фантастика, ќе речете дека е чик литература – но генералната оценка ќе биде дека ова е една блескава книга! И сега повторно прашање, па каде е комедијата во сево ова, звучи прилично тажно? Одиме понатаму…

Како се станува дух? Хмм, ни тоа не е толку лесно. Ако сака да стане дух, Луси има дваесет и еден ден за да заврши една речиси невозможна задача. Во текот на тие денови, живее во Ќуќата на оние кои сакаат да станат духови заедно со нејзините цимери: Брајан, смрдливкото кој е фанатик по возови и Клер, мрачната девојка која се самоубила поради момче и ги мрази сите околу себе… Како животот, т.е смртта на Луси да не ѝ е доволно тешка со овие двајца и нејзината речиси невозможна задача, се случува уште нешто кое дополнително ги влошува работите… Нејзината таканаречена најдобра пријателка го искористува моментот на ранливост и скршеното срце на Ден и се обидува да го освои… додека Луси го гледа сето тоа!

Мислам дека ова ви беше доволно за да дознаете за каква книга станува збор… Оние кои не сакаат малку нереални фикции, нека не посегаат по неа. Оние кои сакаат прекрасни љубовни уникатни приказни, дефинитивно нека ја зграбат. Единствена книга оценета со 10/10 од страна на популарен веб сајт за критки на книги. Уште една награда за книга на годината. Се смеев и плачев, речиси истовремено. Она што најмногу ми се допадна иако не сакам нереални елементи во приказните е тоа што оваа приказна е уникатна, како ниедна друга. Па, мислам дека ова ви е доволно за да одлучите дали сакате или не сакате да ја прочитате книгата.

Оние кои ќе бидат на роденденот на Сакам Книги ќе можат оваа книга да си ја купат по роденденска цена од 300 денари, додека останатите од 07.02 ќе можат да ја купат на истите продажни места во кои се продаваше и првата книга на издавачката куќа. Повеќе детали за тоа на нивниот сајт www.sakamknigi.mk. А овде, кажете нѝ зошто би сакале да ја добиете оваа книга и еден од вас ќе ја добие подарок. Ова е дефинитивно најдобриот подарок за Денот на вљубените!

Добитничка на книгата е Маријана Барбарова. Наградата може да си ја подигнете во Спаива (ул.Водњанска, под ресторанот “Галија”) од понеделник до петок (10-19h) или сабота (10-15h).
При подигнувањето на книгата доволно е да кажете дека сте добитничка на книгата “Рајот може да почека” преку iLike.mk.
И да.. очекуваме да споделите со нас како Ви се допаднала книгата ;)

Facebook FAN page




31 Коментари

  • Сабина Меховиќ вели:

    Од причина што обожавам чик литература и љубовни приказни максимално уживам додека читам книги од тој жанр. На некој начин се пронаоѓам во нив и најискрено би сакала да ја добијам оваа книга, би била пресреќна ако ја добијам. Во случај да не ја добијам, секако дека ќе ја купам. Никако НЕ ЈА ПРОПУШТАМ !!

  • Маре Ивановска вели:

    Сакам малку да одморам од читање на стручна литература, оваа книга ми се чини ќе биде одлична прилика за тоа :)
    Поздрав

  • Викторија Сипкоска вели:

    Па искрено јс би сакала да ја имам оваа книга, бидејќи гледам дека е многу убава. Јас обожавам да читам книги. И би сакала да ја имам оваа книга.

  • Маја Ристовска вели:

    Ммммм…интересно :)

  • Катерина Ѓошевска вели:

    би била пресреќна ако ја добијам книгава затоа што преубава е и баш би сакала да ја имам во мојата домашна библиотека :)

  • Моника Филиповска вели:

    Одвај го чекав роденденот на sakamknigi и можноста да дојдам до книгава. :))
    Нависина би била пресреќна ако ја добијам како подарок затоа што навистина обожавам чик литература и секако сум голем фан на sakamknigi. :))

  • Моника Крстева вели:

    Уште кога излезе статијата на sakamknigi.mk за книгава,веднаш ја прочитав и ме заинтересира нејзината содржина.Би била многу среќна доколку оваа книга стане моја :)

  • Irena Savovska вели:

    Knigava mnogu me zainteresira mi ostavi takov vpecatok….
    Bi bila presrekna dokolku ja dobijam ovaa kniga :D

  • Кристина Митровска вели:

    статијата многу ми се допадна и ме заинтригира, би била најсреќна ако јас ја добијам, навистина многу сакам да ја прочитам книгава, па решив да си ја пробам среќата… :)

  • Ива Китановска вели:

    … со оглед на тоа што сум приморана да ја испуштам промоцијата и роденденот на мојата омилена *Сакам Книги* екипа (од банални, здраствени причини), сметам дека би било во ред да добијам барем дел од целосната еуфорија и радост!
    Поздрав до Вас, секоја чест за соработка со нив :)
    Секое добро,
    Ива

  • emilija dimitrijoska вели:

    sakam da ja dobijam knigata na podarok bidejki sum sigurna deka veke ne postoi praviot covek so koj mozes da go pomines ostatokot d zivotot….. a i ne mozes da se potpres na nekoi od takanarecenite drugarki ili drugari koi gi imas vo zivotot… pozdrav

  • Ана Црцаровска вели:

    Дефинитивно најдобар подарок за Денот на вљубените! (: Ми се допаѓа статијата!Совршена,необична,романтична-чик книга!Звучи одлично и не можам да дочекам да ја земам во раце и да ја прочитам!

  • magdalena krstevska вели:

    Me zainteresira mnogu bi sakala da ja imam.

  • Valentina Georgievska вели:
  • Милена Заовска вели:

    Среќа-тага, фантазија-реалност, живот-смрт… А особено – би било вистинско задоволство да се прочита…

  • teodora вели:

    imam samo 14 godini..
    no obozavam da citam knigi.
    Mnogu me zainteresira a i mi se dopadna sodrzinata , pa bi bila presrekna ako ja dobijam :)

  • Александра Лулкоска вели:

    Дефинитивно преубава книга….Содржина која допира до срцата на сите луѓе и најубавиот подарок за денот на вљубените..Приказна која ќе не раплаче ,но ќе не научи да го живееме го секој ден како да ни е последен….Би била пресреќна доколку ја имам оваа книга во своите раце за Св. Валентајн (со оглед дека ќе си го славам сама) па би било навистина добро да го поминам овој празник романтично читајќи ја книгата со надеж дека вистинската љубов навистина постои…..<3

  • Frosina Spasevska вели:

    ja sakaaaam :))) ima i film so slicna tematika se vika over her dead body so eva longoria vo glavnata uloga. isto umira den pred svojata svadba i se vrakja kako duh i se obiduva da ja unisti novata ljubovna vrska na nesudeniot maz :))) epten mi se svigjase filmot, se nadevam i knigata e tolku dobra, bash bi sakala da ja procitam :))) pozdrav :*

  • Ivana Dzekovska (: вели:

    Treba da ja imam bidejkiii… EDNOSTAVNOOO SUM NAJZALJUBENATAAAAA lichnoooost na celiiot unverzuum :) <3

  • Marija Crcarovska вели:

    Не е образован оној што чита книги,туку оној што знае што чита!

  • Весна Милошоска вели:

    Би сакала да ја имам оваа книга бидејќи јас едноставно уживам во вакви приказни :))

  • Нада Томова вели:

    Морам да признаам дека иако сум од постарата генерација, апсолутно уживав во Го сакам Њујорк. Навистина бев фасцинирана од ликот на младата Анџела и нејзината храброст, а богами и нејзиниот смисол за хумор. Едвај чекам да ја прочитам и оваа книга и искрено се надевам дека е слична со Го сакам Њујорк. Видете, годините си врват…но со вакви книги дефинитивно остануваме засекогаш млади во срцето! Поздрав до сите

  • Кристина Илиевска вели:

    ЗОШТО УЖИВАМ ВО ЧИТАЊЕТО НА КНИГИ…И ВАКВА ПРЕНАЈУБАВА КНИГА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРОПУШТИ !!!

  • Elena Filipova вели:
  • Magdalena Perik вели:

    Hahahaha,me nasmea kratkata sodrzina na knigata i tokmu poradi toa bi sakala da ja dobijam-bidejki vo teskite momenti dobro e pokraj sebe da se ima dobra kniga koja ke moze da me nasmee i raspolozi no i takva so koja bi mozele da se poistovetovetam na emocionalno nivo.Odnapred vi blagodaram :)))

  • Ana Markoska вели:

    Kinigata e najdobriot prijatel i najdobrata uteha koga vi e najtesko….Obozavam knigi da citam :))) pozdrav

  • Маријана Барбарова вели:

    Кратката содржина што ја прочитав за книгава беше и повеќе од доволна да посакам да ја имам и затоа би била пресреќна ако ја добијам
    едноставно прекрасен подарок за денот на вљубените :))))

  • Маја С таматоска вели:

    Bi sakala da ja dobijam knigata bidejki ja sakam ljubovta, i poradi toa sto od knigata mozam da zaklucam deka se raboti za toa kolku ljubovta e bolna i kolku se zrtvuvame samite sebe vo imeto na ljubovta.

  • Сè за љубов вели:

    Посакувам да ја добијам на подарок, за да ја подарам за Св. Валентин на девојка ми, која обожава да чита.

  • Magdalena S. вели:

    Прекрасно нешто. Навистина сакам вакви книги и затоа би сакала да ја имам. :)

  • Јас Лично вели:

    Каде можи да се најди оваа книга во Битола :) Ако знае некој ќе ми биде од огромна помош :) Благодарам!

Реплицирајте му на Маријана Барбарова Откажете ја репликата

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *