Top

П.С. ТЕ САКАМ

Има ли потреба да Ви кажам нешто за оваа книга? Остана ли некој во градов, во земјава, во светот кој не ја прочита? Или барем не го изгледа филмот? Мислам дека не. Морам да кажам свое мислење, а мислам дека тука ќе се сложи со мене секој кој ја прочита книгата и го гледаше филмот, а тоа е дека книгата е дааалеку подобро од филмот. Всушност секогаш е така, најверојатно затоа што во книгата го читаш секој детал, а во филмот е тешко во саат време да се вметнат сите детали.

Ова е една од моите омилени книги. Не зажалив затоа што ја платив дупло, па и х3 од некои други книги. Оваа книга вредеше за секој денар.

Една неповторлива љубовна приказна која остава без здив. Повторно една од тие книги кои Ве тераат 20 минути да се смеете на глас, а 20 минути да плачете како дете.

Нејзиниот маж во најтешките моменти и денови кога згаснува неговиот живот пишува писма за неа кои таа треба да ги чита секој први ден од месецот по неговата смрт. Не, не ги отвора порано од договореното иако умира од желба да го стори тоа и да ги прочита последните зборови на својот сакан туку внимателно ги почитува неговите упатства.

Како една млада вдовица да продолжи да живее кога на овој свет повеќе го нема нејзиниот сакан? Низ многу ретроспективи во книгата се гледа колку многу тие се сакале, какви убави моменти поминувале заедно, а потоа се опишани и моментите по неговата смрт, ужасни и тешки за неа.

Таа плаче додека солзите не пресушат, се смее во моменти на очај кога знае дека не може да го врати назад, таа се обидува да се затвори сама изолирана од светот и да тагува… Но нејзините пријателки и роднини не дозволуваат така да живее…

Нема да откривам повеќе на оние кои, срамота, не ја прочитале, само ќе им кажам дека мораат веднаш да дојдат до неа!

Статијата ја напиша: Ивана Николовска | Извор: sakamknigi.mk




6 Коментари

Напиши одговор на teodora Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>